Денес започнува „Д Фестивал“– музичка магија во Штип со хуманитарна мисија за Кочани!

Оваа година, фестивалот носи уште подлабока вредност! „Д Фестивал“, кој почнува денес и ќе трае до недела, ќе биде со бесплатен влез за сите посетители. Секој што сака да придонесе за хуманитарната мисија може да купи хуманитарен билет со цена од 1.500 денари, кои ќе се донираат за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани.
Почнува најголемата БЕСПЛАТНА прослава со која одбележуваме 15 години на највозбудливата фестивалска авантура во земјава!
Време е за музика, слобода и заедништво! Проверете го ажурираниот распоред за да не го пропуштите вашиот омилен изведувач и придружете ни се во магичната тридневна Д фешта – велат организаторите.
Фестивалската програма и оваа година е богата и разновидна, со настапи на домашни и меѓународни изведувачи:
Мапа, влез и сите други информации ги имате на веб страната на фестивалот.
Креатива: Д Фестивал