Актуелно

„Диџeј Ахмед“ со две награди на „Санденс“

Време на читање: < 1 минута

Дебитантскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски освои две награди на фeстивалот за независен филм „Санденс“ во Парк Сити, Јута, САД. Едната награда е од публиката, во програмата „Светски драмски филм“, а другата е специјална награда од жирито, за креативна визија.


Филмот ја обработува приказната за Ахмет, момче од јуручко село во Источна Македонија. Сонувајќи да стане диџеј, тој наоѓа утеха во музиката, додека се соочува со очекувањата од традицијата. Унковски нагласи дека автентичноста на филмот беше клучна, па затоа соработуваше со членовите на јуручката заедница за да ја долови приказната на најреалистичен можен начин.


Ова не е прво појавување на Унковски на „Санденс“. Неговиот краткометражен филм „Налепница“ беше прикажан на фестивалот во 2020 година. Главните улоги ги толкуваат Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед, а филмот се снимаше во Коџалија и Али Коч, близу Радовиш, како и во Скопје.
Успехот на „Диџеј Ахмет“ на Санденс е значајно признание за македонската кинематографија и сведоштво за талентот и посветеноста на тимот кој стои зад филмот.

Фото: Веб страна на Санденс

Напишете коментар