Дигиталното граѓанско општество – предизвик на новото време
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, во периодот од 15 до 17 јуни беше домаќин на Интернационална конференција за дигитално граѓанско општество.
Конференцијата е резултат на SINet Project – Social Innovation Network, имплементиран од Порака Нова, во партнерство со Хрватска, Шпанија и Италија, со поддршка на „Европа за граѓаните“. Во конференцијата активно е вклучена и општина Охрид, а како учесници се универзитетски професори, претставници на невладини организации, претприемачи како и експерти од областа. Повеќе за проектот може да се прочита на следниот линк: https://digitalsocialinnovation.org/
– Ова беше одлична можност да се вмрежат науката и праксата, а од Универзитетот се задоволни од можноста и за идни соработки. После годините во кои живеевме со рестрикции заради пандемијата, ова беше прилика да се проговори на нов начин за дигиталното граѓанско општество, кое токму и пандемијата го направи нужно, изјави Анита Гаговска директор на „Порака Нова“.
Учесник на конференцијата беше и Маја Раванска, уредничка во „Лице в лице“, која имаше излагање на тема: E commerce for social enterprises, benefits and challenges.
Линк до фотографии од настанот