Доза вести

Романот „Заследи ме“ на Јордан Коцевски – промовиран во Охрид


„Заследи ме“ е името на романот на авторот Јордан Коцевски, издание на „ПНВ Публикации“, што изминатиов викенд беше промовиран во кафе бар „Шила“ во Охрид.
Промотор беше Мерсиха Исмајлоска, додека модератор на настанот беше Јулијана Величковска.

– Ненаметлива и со доза хумор, „Заследи ме“ го продолжува трендот на Коцевски, кој со романот „Тегли“, веќе ја најави својата поетика на трилерот. Преку хумор, тој успева да се справи со не толку пријатни нешта, да ги разобличи, за на читателот му понуди четиво кое и покрај својот обем е читливо и заводливо. Имајќи ја предвид не толку големата продукција на книги од овој жанр во Македонија, верувам, како и првиот роман така и овој „Заследи ме“, ќе ја пополни празнината кај љубителите на трилерот. Занимавајќи се со актуелна тема, тој истовремено и го бележи денешниот миг, и би можел да биде добар хроничар на нашето време, нагласи Исмајлоска.

Живееме во време кога вештачката интелигенција ја живее својата ренесанса, вели таа, за зад алгоритмите на Instagram, стојат сложени процеси на машинско учење и работа со големи бази податоци.

– Во својот последен разговор со една од иновациите на вештачката интелигенција на Тесла, Елон Маск е одушевен од се’ она што тие го претставуваат. Но, на прашањето што е најголемиот квалитет на луѓето, вештачката интелигенција одговара способноста да се љуби. Зад таа способност лежи и поривот да се пишува, да се создава, да се креира. А тој порив го има и Коцески. Нека му се множат книги!, порача Исмајлоска.

М. И.

Напишете коментар