ВАЛЕНТИН РАКИП
Јас сум од тие деца-фантоми што ги викаат. Неубаво чувство, гадно дури. Како да не постојам. Ако не ми извадат матичен број, нема да
можам..
СУХАМЕТ САДИК
Има 19 години и се грижи за целото семејство – за едногодишниот син Џезаир, за сопругата Аирија,
но и за мајка му, татко му
и за помалите брат и сестра.
ТУНАН САДИК
За него лани пишувавме дека е „од тие луѓе што успеваат во животот“. По помалку од
една година, Тунан успева да обезбеди
поубаво место за живеење за себе..
КАТЕ ВЕЛКОВА
Вели дека продажбата ја прави среќна зашто ѝ нуди можност да излезе во град и да разговара со многу луѓе, а ѝ овозможува и да си купи сѐ..
САШО СТЕФАНОВСКИ
Продажбата на улица не му е омилена, бидејќи не сака да им пристапува на луѓе што му се муртат, но затоа веднаш почнува разговор…
БАЈРАМ САДИК
Шест месеци работа и веќе
чувствувам големи промени… Кантите за ѓубре и собирањето отпад и шишиња – се веќе минато.
ЕРЏАН САДИК
Кога во 2012 година почна да го
продава списанието беше
срамежливо 19-годишно момче. Три години подоцна Ерџан е сопруг, татко и личност со цел..
АНАБЕЛА МЕРДИЕВА И ПЕРЈАН ДЕМИР – ПЕПИ
Тие се најпостојаните продавачи на „Лице в лице“ за 2015 година од редовите на Центарот за
помош на лица со ментален хендикеп..
МАРИНА АНАКИЕВА, ВЕРЧЕ ХРИСТОВА И СЕВДА ИБРАИМОВА
Тие заедно излегуваат да го продаваат „Лице в лице“ низ Неготино, па затоа ги претставуваме како тим..
КРИСТИЈАН МАРКОВСКИ
Кико е момче што се грижи, покажува внимание и постојано сака да е во движење, да дејствува. Секогаш е тука да помогне, да даде поддршка, да насмее и да орасположи.
МАХМУД САДИК
Со радост зборува за начинот на продажба на списанието. Вели, луѓето од кафулињата каде што редовно поминува, и вработените и гостите, му се голема мотивација.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ НА ЛИЦЕ В ЛИЦЕ
Лично Скопје почна како уметничко истражување во рамките на проектот Western Balkan Creative Clash. Истражувањето се манифестираше во мапа која ги претставува позитивните социјално ангажираниуметнички места во Скопје кои се водени од фамилија или пријатели, органски, направени дома, здрави,креативни, искрени. Тоа, исто така, е и моја лична мапа на места кои треба да се посетат и на луѓе со коиможе да поразговараш и да ја споделиш својата визија за подобар, поздрав, почист и погостопримлив град.
На мапата се маркирани само локациите од број 1 до 34, а останатите не, поради нивната мобилнаструктура, односно појавување на годишно ниво. Сега оставам на вас да ја следите мапата и да ги најдетеместата исто како што јас го правев тоа кога се доселив во Скопје.
Мапата, исто така, ја покажува дневнататраекторија на продавачите на списанието „Лице в лице“, како симбол на патувањето кон поинклузивноопштество. Можеби пропуштив неколку локации, но нека биде ова за почеток за да се искаже почит кононие кои го прават Скопје подобро место за живеење.
КАКО СЕ СТАНУВА ПРОДАВАЧ НА ЛИЦЕ В ЛИЦЕ?
Уличното списание „Лице в лице“ таргетира наши сограѓани кои се наоѓаат на маргините на општеството, но, сакаат да направат позитивна промена преку работен ангажман. Продавачите на списанието се микропретприемачи на кои „Лице в лице“ им е важна алатка за социјално и економско зајакнување.
„Лице в лице“ овозоможува социјализација преку работна активност при што половина од продажната цена е директен приход за продавачите, 10% остануваат за координаторите на продавачите кои се регрутираат преку локални партнери, а останатите 40% се користат за печатење на списанието и за развој и спроведување на програмите во кои што се вклучени продавачите.
Доколку сте организација која работи со одредена целна група или пак едноставно познавате лице на кое „Лице в лице“ може да му влијае да направи значајно поместување од ранливата состојба во која се наоѓа – следниот чекор е контакт со нас.
Секој потенцијален продавач на „Лице в лице“ добива:
- Обука пред стартот на процесот на продажба
- Стартни 5 бесплатни броеви, а потоа се продолжува со откуп на списанијата
- Униформа и легитимација
За сите прашања поврзани со тоа како се станува продавач на „Лице в лице“, слободно контактирајте нѐ.
Партнери на дистрибутивната мрежа:
Црвен крст на град Скопје, Центар за заштита на правата на детето – Дневен центар за деца на улица Шуто Оризари, МКЦ Битола, „Порака Неготино“ – Неготино, „Порака Неготино“ – Волково „Порака нова“- Струга, „Порака наша“ – Куманово, Центар за едукација и развој – Tетово, Центар за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа
ПРИДРУЖЕТЕ МУ СЕ НА ПРОДАВАЧ НА ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Продавачите на Лице в лице секојдневно ја чекорат својата рута која значи исчекор од состојбата во која се наоѓаат. Низ својот процес на работа учат како да да ги зајакнат своите капацитети, а ние учиме да ја вреднуваме одлуката која значи градење нови навики и однос кон потенцијалните идни успеси.
Замислете, колку ќе биде силна ваквата иницијатива кога на нашите продавачи ќе им се придружи некој кој го препознава и вреднува она што тие го прават.
Има неколку начини на кои можете да им се придружите, но, секогаш постои можност да дадете и нов предлог.
- Придружба на продавач во одреден реон, во времетраење по договор (30 до 40 минути)
- Неформална дружба со продавач/продавачи, во придружба на претставник од Тимот на Лице в лице
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ НА ГОСТИ
Оваа акција вообичаено ја правиме во соработка со компаниите, организациите и инсистуциите кои нè канат да им бидеме гости, а во рамки на средбата нашите продавачи го нудат најновото издание на „Лице в лице“ на вработените.
Менаџментот на компанијата/организацијата/институцијата одвојува одреден дел од денот (вообичаено половина час, во термин по договор) и ги информира вработените дека можат да купат примерок од списанието.
Ваквата акција делува и инклузивно за нашите продавачи, и во исто време говори за општествената одговорност на нашите компании.
Поточно, гостопримството и пријателско опкружување претставува значаен мотивациски фактор во понатамошната социјализација и интеграција во општеството на продавачите на „Лице в лице“.
Исто така, постои можност и за откуп на одреден број примероци од списанието, (според број на вработени), доколку компанијата не е во можност да им ги отвори вратите за директна продажба.
Ја посочуваме и опцијата за претплата за списанието, а сите информации поврзани со ова можете да ги најдете на овој линк.