Го купи новото „Лице в лице“?
електронско или печатено издание или годишна претплата
#52 Лице в лице – електронско издание
Моќна жена - подобар свет! И еднакви можности за сите.
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност. Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.#51 Лице в лице – електронско издание
Да го ставиме здравството на здрав пат!
Предизвиците кои ги носи пристапот до лекови, дигитализацијата во здравството и вклучување на засегнати чинители во креирањето здравствени политики се во фокусот на 51. Издание на „Лице в лице“. Приватното плаќање за лекови е убедливо најголемиот извор на финансиски тешкотии, забележува Светската здравствена организација (СЗО). Причина - ограничената позитивна листа на лекови и тоа што сиромашните и хронично болните не се ослободени од партиципација. Граѓаните мораат да даваат пари од свој џеб и покрај тоа што секој месец од платата им се издвојуваат придонеси за здравствено. Позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од 10 години, а од 160 нови лекови одобрени од ЕУ во периодот од 2017 до 2020 година, само 11 се достапни во Македонија. Поради ова, пациентите можат да си дозволат најчесто застарени лекови кои во некои земји се исфрлени од употреба. Сите овие предизвици, но, и можни решенија за создавање „здравство на здрав пат“, се дел од новото, 51. издание на „Лице в лице“, кое е издадено во партнерство со „Рош Македонија“. дизајн: „Контура“#50 Лице в лице – електронско издание
#49 Лице в лице – електронско издание
#48 Лице в лице – електронско издание
#47 Лице в лице – електронско издание
#46 Лице в лице – електронско издание
#45 Лице в лице – електронско издание
#44 Лице в лице – електронско издание
#43 „Лице в лице“
#42 „Лице в лице“
#41 „Лице в лице“ – eлектронска верзијa
Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда.
Издвоена содржина
Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат.
Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит.
Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата.
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО НЕЏАТ КАМБЕРИ: ПРЕТСТАВНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА Z СО ЖЕЛБА ЗА УЧЕЊЕ, ДРУЖЕЊЕ, ВМРЕЖУВАЊЕ
Енергијата што ја носат новите продавачи на „Лице в лице“ секогаш, ама баш секогаш, е свежина, нова перспектива и интереси што поттикнуваат доза на натпревар, знаења и пораст. Затоа, тие си се пронаоѓаат во називот микропретприемачи
КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ДОДЕКА СВЕТОТ НА РАБОТАТА РАДИКАЛНО СЕ МЕНУВА?
Капитализмот „плаче“ за ремонт. Најважните поправки се однесуваат на централниот механизам – работниот однос, или работата. Како концептот на социјална правда и заштита да се артикулира во услови на новата реалност на работните односи: нови и нестандардни форми на вработување –договори со определено работно време, повремена и привремена работа, сезонската работа, работа на повик, работа преку посредници (преку агенции за привремено вработување)
ЗЕМЈОДЕЛКИТЕ СЕ СТОЛБ НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Прашањето на вклучување на родовите перспективи во главните текови не е само прашање за социјална правда, туку е важно за соочување со сиромаштијата и со невработеноста, обезбедувањето еднакви можности и квалитетен живот. Важно е и дека жените од руралните средини треба да бидат еднакви, не само со мажите во руралните средини, туку и со жените од урбаните средини
ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА
Дигиталната сфера е нараскинлив дел од современото општество. Затоа мораме да се стремиме да ја градиме и развиваме за да биде пристапна за сите граѓани
АКО НЕ ГО ГЛЕДАМЕ ОТПАДОТ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА МАГИЧНО ИСЧЕЗНАЛ
Позитивно решение е циркуларната економија. Наспроти постојниот начин на функционирање, создавање, користење и фрлање, каде што секојдневно се користат производи од земјата, водата и од воздухот, се создаваат производи и потоа се фрлаат, циркуларната економија е еден од начините на соочување со климатските промени
Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.
Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач.
Дел од продавачите, оние кои пред сè се соочуваат со здравствени предизвици, нема да ги видите на улиците на градовите, во директна комуникација со вас, читателите. Други пак, иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.
„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика. Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.
Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.
ОДБЕРИ НАЧИН НА ПОДДРШКА
За Лице в лице
„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.
Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“.
Половина од сумата на списанието е за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.