Духот и раскошноста на струшкото село Глобочица
„По Караорманските ридови, на патот за Дебар, во Малесијата, змијулесто се пробиваат Глобочичките води. Акумулацијата, што ја снабдува хидроцентралата Глобочица, достигнува длабочина и до 80 метри. А, таму на дното, го чува она што некогаш беше село. Некогаш дом на 400 жители во подножјето на овие ридови, во 1964 година селото Глобочица беше потопена за поголемо колективно добро на регионот. Но, селаните како никогаш да не заминале…“
Глобочица е синтеза на приказни кои го запираат здивот за некогашниот начин на живеење, и, во исто време, на раѓањето нов живот, поттикнат од солидарната и иницијативна природа на мештаните.
Видео репортажата за недопрената убавина на ова струшко село, до кое се стигнува само со кајче, е подготвена во рамки на промоцијата на 41. број на „Лице в лице“, посветен на тема: рурален развој.