Актив арт, Доза вести

Дупка во главата: Борис Буден открива што можеме да научиме од војната на КРИК фестивалот во Скопје

Може ли војната да ни даде вистински лекции за човековата природа и современите политички превирања?
Јубилејното 10. издание на КРИК Фестивалот за критичка култура, утре, вторник, 30-ти септември во 19 часот во Националната галерија, објект Чифте Амам во Скопје, со предавање на германско-хрватскиот теоретичар Борис Буден, кој ќе се обиде да одговори токму на ова прашање. Во предавањето насловено „Дупка во главата или: може ли нешто да се научи од војната?“ Буден ќе навлезе длабоко во историските и современите димензии на конфликтите.

Согледувањата на Буден длабоко проникнуваат во сите денешни акутни културно-политички превирања во регионот и во светот, на глобално и локално рамниште, но и во самата тема на овогодинешниот КРИК, која ги поставува прашањата на човековата ентропија и потребата за преобразба на идејата за заедница – најавуваат организаторите од „Контрапункт“.

Овогодишното издание ја носи темата „Преобразба“. Со ова предавање во Скопје, организаторите „Контрапункт“ го носиат еден од најпознатите мислители на современата социо-културна сцена, Борис Буден.

Буден ќе истражува како војната ја обликува човечката меморија и колку навистина учиме од историјата. Цитирајќи ја класичната мисла на Карл Краус за „дупката во главата“, предавањето ќе се обиде да одговори на прашања за современите форми на насилство и политички манипулации, од куршуми до економски интереси и тешки зборови. По предавањето, кое ќе биде на македонски и на хрватски јазик, ќе следи дискусија со Никола Гелевски и разговор со публиката.

Напишете коментар