Едно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада
На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех, извести Сојуз на математичари на Македонија – СММ.
На овој светски мегдан за извонредност македонската екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.
Дамјан Давков (златен медал; со освоени 32 поени)
Алексиј Тасиќ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
Никола Цветаноски (бронзен медал; со освоени 23 поени)
Никола Спировски (бронзен медал; со освоени 19 поени)
Јан Стојановски (пофалница; со освоени 17 поени)
Бранко Јангеловски (пофалница; со освоени 11 поени)