Доза вести

„Остави трага во Битола“: Дојди и раскажи ја твојата приказна

Караванот „Остави трага“ продолжува со вториот од серијата на настани, кој ќе се одржи во Битола, вечерва, со почеток во 19 часот на платото пред Офицерскиот дом.

Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката за култура, проф. д-р Ангелина Станојоска, професорка, УКЛО,  Маја Атанасовска, женска трка “Биди своја”, Мартин Ангелов – сопственик на кафуле „Улаф“, Дарко Беровски, дигитална платформа „Спознавање“, а поздравно обраќање ќе има Марија Андреева, проектнa раководителка, Совет на Европа (CoE).

Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. Настанот ќе го модерираат Огнен Јанески и Ана Јовковска, а официјално ќе го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Напишете коментар