Фестивал за кучиња во Скопје: Натпревари, ревија и можност за ново пријателство

Дали сте подготвени за највеселиот ден посветен на вашето куче?
Оваа вест е и за вас, кои немате куче, и отвора можност за запознавање со вашиот нов најдобар пријател.
Оваа сабота, 31-ви мај од 11 часот, Градскиот Парк во Скопје ќе стане најдружелубивото место за сите љубители на кучиња. Со хумана цел и многу љубов, се одржува еднодневен фестивал посветен на четириножните пријатели, насловен „Вдоми љубов фест“.
Организаторите најавуваат ревија на кучиња, повеќе игри за кучиња и нивните сопственици, награди и едукативно катче со совети и бесплатни прегледи од ветеринари.
-Со ревијата сакаме да потсетиме дека кучињата се тука и сѐ уште го бараат својот дом. Сакаме да потсетиме дека вдомувањето го отвора срцето за поинаква љубов, но е и хуман чин за оние кои не по свој избор се родиле или останале на улица – велат организаторите.
Настанот е организиран со поддршка од стационарот за бездомни кучиња „Лајка“. Целта е да се поттикне вдомување на бездомни животни и да го промовира одговорното сопствеништво.
Сите детали за настанот се на овој линк.