Актуелно, Доза вести

Форум што остава трага: Впечатливи решенија за градење инклузивна работна култура

Време на читање: 2 минути

Две кратки видеа и три уникатни перспективи – практикантката на ГИЗ, Ашбен Пател, низ својот објектив, накусо ја долови пораката на петтото издание на Форумот на добри компании 2025. Преку гласовите на учесници, говорници и визионери, гледаме како Форумот не беше само настан, туку платформа која поттикнува унапредување на работната култура и инклузивна иднина – во бизнис средината.

Впечатоци на говорници, бизниси, но и на младите волонтери
Првото видео ги носи реакциите на учесниците на настанот. Вклучивме млади волонтери, говорници, донаторска заедница, претставници на бизнис секторот кои споделија што за нив значеше учеството на Форумот. За многумина ова беше првпат да бидат дел од средина што вреднува размена на идеи, отворен дијалог и меѓусебно учење.

Работна култура што не исцрпува, туку регенерира
Во ова кусо видео пренесуваме пораки од двајца говорници кои внесоа длабочина во темата на Форумот:

🔹 Чарли Фелгејт (Франција), консултант за регенеративно лидерство, кој зборува за тоа како организациите треба да слушаат повеќе, да создаваат психолошки безбедни простори и да развиваат средини каде младите не само што работат – туку се и видени, чуени и охрабрени да се изразат.

Слушајте. Повторно и повторно. Оставете го егото настрана и отворете простор за дијалог – тоа е патот до вистинско задржување на талентот – вели тој.


🔹 Бојан Симиќ (Србија), директор на „Clean Air Solution“, зборува за одржливите практики на работното место и како секоја компанија, без разлика на големината, може да почне со мали промени кои водат кон поздрави, поетички и инклузивни работни средини.

Овие видеа не се само документ на случувањата – тие се потсетник дека добрата работа не се мери само со профит, туку и со влијанието врз луѓето и општеството. Ви препорачуваме да ги погледнете и да се инспирирате за нови почетоци.

Проследете ги и останатите содржини од Форумот, на овој линк.



Видео: Ашабен Пател
Текст: Натали Китаноска

Ова издание на Форумот беше организирано како дел од проектот „Унапредување на социјалното менторство како меѓусекторски пристап за промоција на вработување на ранливи групи“, спроведен од „Паблик“ во партнерство со GIZ.

Напишете коментар