Гласовите што создаваат иднина

По повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, Регионалната ромска образовна младинска асоцијација (РРОМА) организира креативна работилница под отворено небо, наменета за сите кои сакаат да учат, создаваат и ја слават ромската култура преку уметност и креативност.
Настанот ќе се одржи на 8 април 2025 година, со почеток во 12 часот, пред Домот на културата во Кратово. Програмата вклучува интерактивна презентација за историјата и културното наследство на Ромите, проследена со забавен квиз, изложба на ромска уметност и традиција, како и три различни креативни работилници, на кои учесниците можат да изберат да се приклучат: изработка на уметничка инсталација, колективно сликање инспирирано од ромската традиција, литературно катче – поезија, проза и мудри мисли.
Целта на овој настан е преку уметност и интеракција да се зајакне почитта и разбирањето за ромската заедница, култура и придонес во општеството.
Сите заинтересирани можат да се пријават и да ја изберат својата креативна група преку следниот линк:
ЛИНК ЗА ПРИЈАВА
*Oваа содржина на „Лице в лице“ се реализира во рамки на Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за генерирање медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“ со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“- Скопје и не мораат да ги одразуваат ставовите на Европската Унија.