Гледај, читај, слушај цело лето

Многу често, покрај тоа што ги прашуваме нашите соговорници за темите кои ви се интересни вам, ги прашуваме и како го поминуваат слободното времее – што гледаат, што читаат и што слушаат.
Оваа рубрика на „Лице в лице“ ни го носи збирот на сите предлози кои ги имаме, за да имате лето исполнето со сопствени авантури придружени со музика која ќе ви даде чувство како да сте на филм. Ќе ви дадеме предлози со филмови за да можете да го доживеете она што ви е далечно и книги за да патувате низ времето и мислите на другите.
Слушнете ги Елена Василевска, Сотир Габелоски, Леона Трајковска, Ема Петревска, Јана Ламбевска, Иван Ајнштајн, Кристина Озимец и многу други.
Сакаме да чуеме и ваши предлози! Напишете ни на социјалните мрежи и ние ќе ги споделиме со другите.
- Сали Ертунч: Културата им припаѓа на децата и на љубопитните, не на пазарот
- Од пасивни приматели до активни граѓани: силата на социјалното менторство во животите на корисниците на социјална помош
- Јас сум следната Росица си помислив, а во МВР ми рекоа – Господ нека ти е на помош!
- Жените како лидерки: Од внатрешна промена до надворешно влијание
- Од споредни до главни ликови: „Театар Чекори“ е сцена што ги менува животите