Актуелно, Доза вести

Гоу Грин бара од Министерството за транспорт и врски да ги вклучи велосипедите и лицата со посебни потреби во физибилити студијата за градскиот железнички превоз

Време на читање: 2 минути
- банер -

Повторно заживува идејата за воспоставување на градски железнички превоз во Скопје. Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, Скопје, ја поздравува оваа идеја, бидејќи, како што велат оттаму, железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени.

„Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и огромни паркинзи, нуди сигурен и доверлив висококапацитативен транпорт на луѓе низ градот, но и неговите крајни дестинации и предградија. Во интерес на борбата против климатските промени се надеваме дека во најавената физибилити студија од страна на Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски ќе бидат земени предвид сите типови на патници, како што се прави во развиените европски и светски градови“, велат од здружението.

Како што дополнуваат, бидејќи е најавено дека ќе се проверат и самите железнички станици и ќе се направи анализа дали треба да се направат нови, сметаат дека треба да се провери и пристапноста на самите станици.

„Во Скопје има голем број на лица кои се движат со помош на колички (инвалидски, бебешки итн.) и круцијално е да им се понуди безбеден пристап во возовите. Дополнително од огромна важност е да се овозможи мултимодален транспорт (транспорт на велоспеди во возовите) и да се размислува за интермодален транспорт (можност за изнајмување на велосипеди на железничките станици, поврзаност со автобускиот транспорт/БРТ преку делење постојки, Park & Ride систем итн.). Овие решенија им овозможуваат на патниците кои живеат над 5 км од крајната дестинација да се движат со воз до најблиската станица и потоа со велосипед до крајната дестинација (која најчесто е низ најголемиот градски метеж). Преку овие решенија огромен број од граѓаните ќе имаат можности да се движат безбедно и брзо низ градот, а со тоа да се намали потребата од автомобили и асфалт. Во оваа цел Гоу Грин им стои на располагање на Министерството за транспорт и врски за понатамошна соработка и смета дека граѓанскиот сектор мора да биде вклучен во сите наредни чекори“, порачуваат од „Go green“.

- банер -

Напишете коментар