Доза вести, Лице в лице

Градиме соработки: „Лице в лице“ и ТРН заедно во борбата за дигитални права и слободи

Време на читање: 2 минути

Во време кога Интернетот е сеприсутен во нашето секојдневие, а со тоа и ризиците растат, „Лице в лице“ креира низа содржини и поттикнува соработки со цел зајакнување на знаењата и свеста за дигиталните права, слободи и безбедност.

Така, порталот „Трн“, во рамките на една таква соработка со „Лице в лице“, креираше анкета која е објавена во рамки на популарниот сегмент на порталот, насловена „Внимание“. Во рамки на оваа иницијатива, ја споделуваме и најновата епизода на „Внимание“ серијалот на порталот ТРН, кој ги обработува горливите теми од интернет-просторот. Овојпат, фокусот е ставен на интернет измамите, како и на прашањето, зошто жените – новинарки, активистки, политичарки се несразмерно погодени при нарушувања на нивните дигитални права?

🎥 Погледнете го целосното видео на каналот на „Јутуб“ на „Трн“

Во видеото, граѓаните говорат за своите искуства и перцепции: од лажни онлајн продавници, СМС-пораки со лажни линкови, до измами насочени кон повозрасните граѓани.
Особено загрижува податокот дека жените, особено новинарките, активистките и политичарките, се најчести мети на интернет напади, што укажува на потребата од сериозни институционални мерки и јавна поддршка.

Содржината е дел од тековната кампања на „Лице в лице“, во насока на кревање на јавната свест за дигиталните права и слободи. Спроведуваме низа активности насочени кон едукација на пошироката јавност за заштита од онлајн манипулации, злоупотреби и напади, но, и за ризиците од нашите неинформирани однесувања онлајн.

Оваа соработка меѓу „Лице в лице“ и „Трн“ претставува важен чекор во градењето побезбедна и поправедна дигитална средина за сите.

Illustration: Freepik

Содржината е креирана во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“ кој се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија.
Изнесената содржина е одговорност на „Паблик“ и на „Лице в лице“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ.

Напишете коментар