Граѓаните можат: Кико доби гитара!
Ви се чита петочки една многу убава приказна?
Ми ѕвони телефонот и се јавува Драгана од Црвен крст на град Скопје, координаторка на нашиот продавач Кико.
– Дечки, не знаете какви вести имам! На Кико најголема желба му беше да си купи електрична гитара. Продавајќи „Лице в лице“, налетал на неговиот идол Слаткаристика и му споделил колку многу сака гитари и дека дома секојдневно вежба и свири на неговата акустична гитара. Денес му се јавил Стефан, брат му на Слаткар со убави вести за најпосакуваниот новогодишен подарок на Кико – електрична гитара! Еве возиме со Кико натака, за да ја земеме.
Од позадина го слушам Кико како вели:
– Сега ми фалат само часови по гитара за да можам да го исполнам ветувањето што му го дадов на Слаткар. Mу ветив дека ќе бидам најдобар басист во државава! Ви благодарам Лице в лице што ми го сменивте животот за овие 2 месеци. Чесно заработувам, стекнувам работни навики и се дружам.
Кико и ние тебе ти благодариме што си дел од нашиот тим!
Следете ги нашите објави на Инстаграм