Доза вести

Хроничната бубрежна болест е „тивка пандемија на 21век“

Време на читање: < 1 минута

Еден од 10 возрасни имаат некоја форма на бубрежно оштетување, а речиси 90% од луѓето кои се соочуваат со хронична бубрежна болест го игнорираат нејзиното постоење, посочуваат од „Нефрон“, кои го одбележуваат Светскиот ден на бубрегот

Дали вашите бубрези се здрави? Откриј навремено и заштити го здравјето на бубрезите!
Ова е пораката на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ кое го одбележува Светскиот ден на бубрегот, 13-ти март.

– Хроничната бубрежна болест е „тивка пандемија на 21век“ за која се предвидува дека до 2040-та година ќе стане 5-та водечка причина за предвремена смрт кај населението. Еден од 10 возрасни имаат некоја форма на бубрежно оштетување, а речиси 90% од луѓето кои се соочуваат со хронична бубрежна болест го игнорираат нејзиното постоење – посочува Душко Ѓоргиев, претседател на „Нефрон“, кој посочува дека е потребно заеднички да придонесеме за јакнење на свеста на населението за начините на заштита на здравјето на бубрезите, навремено откривање на болестите и нивен соодветен третман.

Овој ден се одбележува во вториот четврток од март. „Нефрон“ се придружува кон светската кампања „World Kidney Day“, која започнала во 2007 година, и од тогаш кампањата постојано расте. Кампањата опфаќа едукативни активности за превенција и рано откривање на болеста осoбено кај ризичните групи од населениетo, едукација на младите и децата, бесплатни прегледи и здравствени совети како и поддршка на пациенти на дијализа и со трансплантиран бубрег во справување со лекувањето на болеста.




Напишете коментар