Доза вести

Хуманитарен базар и предновогодишна забава: стартап заедницата во Скопје собира помош за оние на кои им е најпотребна

startap klub skopje prednovogodisna humanitaren bazar

Со порака дека среќата е најголема кога се споделува, стартап-заедницата во Скопје ја завршува годината со неколку хуманитарни активности, обединувајќи претприемачи, организации и граѓани околу заедничка цел, поддршка на најранливите.

Startup Club Skopje и Среќа Бар, во соработка со платформите Ways2Help и Startup Macedonia, на 27-ми и 28-ми декември организираат хуманитарен базар, кој ќе се одржи од 12 до 17 часот во просториите на Startup Club Skopje и Среќа Бар. Настанот е дел од традиционалните предновогодишни активности на заедницата, во рамки на кои секоја година се собираат новогодишни пакетчиња за деца и семејства на кои им е потребна поддршка.

Оваа година, покрај собирањето пакетчиња, базарот нуди можност за директна поддршка преку купување производи и услуги од учесниците, при што средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Организаторите истакнуваат дека идејата е да се поврзат солидарноста и заедништвото со активното учество на локалната стартап и креативна сцена.

Хуманитарните активности ќе кулминираат со предновогодишна забава што ќе се одржи во понеделник, 29-ти декември со почеток во 20 часот, повторно во Startup Club Skopje. Влезот на настанот ќе биде овозможен со донирање новогодишно пакетче или со доброволен паричен прилог во кутијата за донации.

Во организацијата и поддршката на настаните се вклучени бројни претставници на стартап-заедницата, претприемачи и активисти, кои преку личен ангажман ја нагласуваат важноста на општествената одговорност и солидарноста.

Организаторите упатуваат отворен повик до сите граѓани да се вклучат и да дадат свој придонес.

Напишете коментар