Актуелно, Доза вести

Хуманитарен настан во организација на ХЕРА: Промоција на креативноста на младите девојки и поттикнување на општествена солидарност

Време на читање: < 1 минута

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, ХЕРА, денес, (во 17 ч, во кафе „Синдикална култура“), организира новогодишно дружење на коешто ќе има продажба изложба на брошови, изработени со посветеност од 20 девојки, учеснички на нашата работилница „Обликувај промени“.

Оваа работилница се реализира во рамките на проектот „МладиХаб – Надминување на нееднаквоста помеѓу младите девојчиња и жени“, кој има за цел да ја зајакне улогата на младите жени и девојки во општеството преку креативни и практични активности.

На изложбата ќе имате можност да ги погледнете и набавите рачно изработените брошови по симболична цена од 500 денари. Целосниот приход од продажбата ќе биде насочен кон унапредување на услугите во Младинските центри „Сакам да знам“, кои нудат едукативна, здравствена и психосоцијална поддршка за младите, поддршка на Првиот семеен центар, кој овозможува сеопфатни услуги за заштита и унапредување на семејните односи, развој на услугите во Центарот за машко ментално здравје, со цел адресирање на специфичните потреби на мажите во областа на менталното здравје.

Настанот е осмислен како можност за промоција на креативноста на младите девојки и поттикнување на општествена солидарност. Со учеството на овој хуманитарен настан, ќе се придонесе за поддршка на значајни иницијативи кои влијаат на подобрување на животот на младите и нивните семејства.

Напишете коментар