Лице в лице

Интервју: Шест години се чека за трансплантација, но мотивацијата не попушта…Секогаш може повеќе од  ова

Време на читање: 2 минути

Од лицата кои чекаат за трансплантација, до лицата кои не зборуваат храбро дека им треба поддршка, #Лицевлице разговараше со Миле Мандалив од Гевгелија. Тој веќе шеста година чека орган за трансплантација.

Натали Китаноска 

Колку години сте на дијализа и колку години чекате орган?

На дијализа сум веќе шест години. Првпат почнав со третман во 2019 година, по 7 години лечење на клиниката за нефрологија. Првите години беа одлични, и се обидував да ја комбинирам работата со дијализата. Но, по некое време стана потешко и решив да се ставам на инвалидска пензија. Потоа започнав со испитувањето за трансплантација. Прво почнав со брат ми, тој ми беше сроден. Но, за време на короната брат ми почина и продолжив сам со процесот, и сега веќе имам направено неколку испитувања.

Каква е вашата мотивација да чекате толку долго?

Мотивацијата ми е да бидам здрав и да живеам како што посакувам. Се обидувам да останам позитивен, иако понекогаш чекањето станува многу тешко. Но, знам дека секој ден е чекор поблиску до мојата цел. Можеби не секогаш е лесно, но морам да останам упорен.

Што очекувате од процесот на трансплантација?

Шест години чекам орган. Моментално, системот е малку стагниран. Направив околу 20 испитувања, дел од нив во Гевгелија, но сè уште чекам на некои тестови, како хемоскопија. Потребно е ажурирање и закажување на термини за да се продолжи со процесот.

Кои се вашите очекувања за иднината на системот за трансплантација?

Мојата порака е дека треба да се забрза процесот на трансплантација. Системот мора да се активира, бидејќи имаме многу луѓе кои чекаат, а малку донори. На пример, во изминатата година биле направени околу 200 трансплантации во Хрватска, додека кај нас само две. Потребно е да се работи на зголемување на бројот на донори и на ефективноста на целиот систем.

Каква би била вашата порака до луѓето што се во слична ситуација?

 Треба да бидеме упорни и да се стремиме кон таква ефикасност.

Напишете коментар