Интервју со Мохамед Јунус, нобеловец: неопходно е да тргнеме по нов пат. Сега!
СЕ ПРЕТВОРИВМЕ ВО ПОГРЕШНИ, ВО СЕБИЧНИ ЛУЃЕ. И ОВА Е НАСОКАТА ШТО ЕКОНОМИЈАТА НИ ПОМОГНА ДА ЈА СОЗДАДЕМЕ ЗА СЕБЕ. НАЈДОБРАТА ОДЛУКА ВО МОМЕНТОВ Е ДА НЕ СЕ ВРАТИМЕ НАЗАД. НИ ТРЕБА СВЕТ СО ТРИ НУЛИ. НУЛА ЕМИСИЈА НА ЈАГЛЕРОД, НУЛА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА БОГАТСТВО ЗА ДА СЕ СОЗДАДЕ НУЛА СИРОМАШТИЈА И НУЛА НЕВРАБОТЕНОСТ. АКО ЧОВЕШТВОТО СЕ ВРАТИ НА ИСТИОТ СТАР НАЧИН, НИЕ СМЕ ГОТОВИ. НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НÈ СПАСИ автори: Небојша Илијевски, Маја Раванска, Превод од англиски јазик: Марко Mихајловски
Професорот Мохамед Јунус важи за еден од најпознатите лидери на одржливиот развој, човек што е иноватор на микрофинансирањето и на микрокредитирањето и што го постави целиот концепт на социјалниот бизнис, на што гледа како на неопходна реалност. Како професор по економија, решава да се соочи со проблемот со сиромаштијата во Бангладеш, со нудење мали заеми. Луѓето имале единствена задача – да го вратат заемот, без камати. Познат и како „банкарот на сиромашните“, поради ова решение, тој и Грeмин банка, чијшто основач е самиот, ја добива Нобеловата награда за мир во 2006 година. Неговите гледишта и ставови за светската економија, за нееднаквоста во концентрацијата на богатството се инспиративни за многумина, а самиот тој е активен и како говорник што нуди решенија за предизвиците со кои се соочува светот.
По повод отворање на Центарот за социјален бизнис „Јунус“ на Економски факултет – Скопје, „Лице в лице“ реализираше интервју со него. Видеоверзија на интервјуто е објавена на веб-платформата на „Лице в лице“, kupi.licevlice.mk, а овде објавуваме селектиран дел.
Кои се сеќавањата од Вашето детство, настан што, можеби, го трасирал патот по кој подоцна ќе тргнете во животот?
Целиот текст може да го прочитате во 43. број на „Лице в лице“, посветен на тема: човекови права