Интрапретприемништво -моќен двигател за развој на бизнисот
Новата ефикасност во креирањето и пренесувањето знаење значи дека живееме во време во кое способноста да се иновира ефикасно, станува примарна детерминанта на успехот на бизнисот. Кога конкуренцијата иновира, креира нови или подобрува производи, услуги или процеси. Ова значи дека организциите мора да им дадат слобода на вработените да работат на нови и иновативни идеи
Mоника Марковска
Сте чуле за интрапретпретприемачи? Toa се оние вработени кои имаат претприемачки начин на размислување, на кои им се дава слобода и ресурси да иновираат и да преземаат ризици во рамките на организациите. Често пати им се дава автономија да реализираат нови идеи и проекти и се наградени за нивниот успех во развивањето и спроведувањето на нови иницијативи.
Многу од своите големи успеси, организациите им ги должат на иновативните претприемачи кои ги препознаваат можностите и лансираат брилијантни идеи во нивното бизнис опкружување. Ваквиот фокус кон модерни идеи и оригинално размислување што ги обликува, се здоби со голема популарност. Интрапретприемништвото (ИП) стана термин кој постојано се користи во светот на бизнисот за да ги опише организациите кои се подготвени да ги препознаат можностите и да продолжат да ги развиваат, да иницираат акции и истакнуваат нови, иновативни производи и услуги. Овие организации можат да бидат големи корпорации, непрофитни организации, фабрики, училишта, универзитети…
Претприемнички дух во рамки на организациите
Интрапретприемништвото се однесува на систем во рамките на компанија или организација што овозможува вработените да дејствуваат како претприемачи. Интрапретприемачите се самомотивирани, проактивни и индивидуалци ориентирани кон акција, кои преземаат иницијатива да развиваат нови иновативни производи и/или услуги.
Во 1985 година, Gifford Pinchot III го промовира терминот интрапретприемништво, скратено од интра-корпоративно претприемништво, што ја опишува практиката во рамките на постојните организации. Бидејќи „intra“ значи внатре, ИП се однесува на внесувањето на духот на претприемништвото во рамките на организацијата. Интрапретприемачот е личност со претприемачки навики и пристап, на кој полето на игра му е во границите на организацијата. Разликата со претприемачите пак, е тоа што вториве креираат нови бизниси, додека пак новите бизниси отвораат и креираат нови работни места, интензивна конкуренција, и можат да ја зголемат продуктивноста низ технолошки промени. Претприемачите развиваат нови пазари, ги мобилизираат капиталот и ресурсите, воведуваат нови технологии, нови индустрии, нови производи, креираат нови работни места.
Опстанок во динамично бизнис опкружување
Интрапретприемаштвото е концепт поврзан со претприемачката ориентација на организацијата. ИП е важно за организациското опстанување, пораст, профитабилност, и обновување на постојните организации. Новото знаење, новите методи на работа, креираат можности за нови работи на нови начини. Истовремено, старите начини стануваат застарени и некорисни.
Новата ефикасност во креирањето и пренесувањето знаење значи дека живееме во време во кое способноста да се иновира ефикасно, станува примарна детерминанта на успехот на бизнисот. Кога конкуренцијата иновира, креира нови или подобрува производи, услуги или процеси. Ова значи дека организциите мора да им дадат слобода на вработените да работат на нови и иновативни идеи.
Според истражувачите Морис, Куратко и Ковин, светот се соочува со претприемачка револуција. Истражувачите во последната декада се фокусирани на претприемништвото во рамките на постојните организации. Овој феномен на интрапретприемништво овозможува организациите да го забрзаат организацискиот развој, профитабилност и обновување. Исто така, им помага на организациите да опстанат во динамичното бизнис опкружување.
Основата е во иновациите
Истражувачите го дефинираат интрапретприемништвото како претприемништво во рамките на постојните организации, што го истакнува однесувањето кое отстапува од вообичаеното.
Тоа не се однесува само на создавање на нови бизнис потфати, туку и на други иновативни активности и ориентации како нови производи/ услуги, технологии, стратегии.
Клучните димензии за концептот на интрапретприемништво се нови потфати, нови бизниси, иновативни производи/ услуги, иновативни процеси, организациско обновување, преземање ризик, проактивност и конкурентска агресивност. Ако се анализираат овие осум димензии јасно е дека во основа лежат иновациите во најширока смисла на зборот.
Политиката на „20% време“ на Google
Google им дозволува на своите вработени да поминуваат 20% од своето време работејќи на проекти по сопствен избор. Ова доведе до развој на некои од најуспешните проекти на Google, вклучувајќи ги Gmail и Google Maps.
Ајпод на Apple
Ајподот на Apple беше развиен од страна на тим инженери и дизајнери во компанијата, предводени од Џон Рубинштајн. Тие добија слобода да работат на нов производ кој може да се натпреварува со постоечките МР3 плеери на пазарот.
Post-It Notes
Спенсер Силверr бил научник од „3М“ кој истражувал лепила во лабораторија на компанијата, кога открил лепило кое лесно се лепи, но не се врзувало за површините. Тој истражувал за да развие поцврсти лепила. Дури кога Арт Фрај, друг научник од „3М“ бил фрустриран од хартиените обележувачи што ги користел. Заеднички, идејата ја реализирале како Post-It Note. Тие првично мислеле дека ќе создадат леплив обележувач, но сфатиле дека нивната идеја може да биде многу повеќе, откако почнале да оставаат белешки еден на друг во канцеларијата. Целиот развој се случил во рамките на компанијата „3М“. Post-It Note сè уште е главен канцелариски производ денес.
Play Station
Кен Кутараги, инеженер во Sony Computer Entertainment, привчно наишол на отпор поради неговата идеја да создаде гејмерска конзола за да им се спротивстави на Nintendo и Sega. Тој на крајот го убедил Sony да го финансира проектот и Sony Play Station забележал инстант успех кога бил лансиран во 1994 година. Всушност, 3D графиката на системот и извонредната игра ја револуционизираа индустријата за игри. Денес, Play Station сè уште е главен играч во индустријата за игри и Play Station 2 е најпродаваната конзола за игри досега.
McDonald’s Happy Meal
Во 1970-тите, директорот за маркетинг на McDonald’s, Боб Бернштајн, барал начин да го направи синџирот за брза храна попривлечен за семејствата. Во тоа време, на McDonald’s му недостасувало детско мени, што го навело Бернштајн да го создаде „Хепи мил“. Воведен во 1979 година, овој производ вклучуваше плескавица или пилешки прсти, помфрит и играчка. Играчката беше (и сè уште е) големо изненадување за децата. Денес, McDonald’s продава околу 1 милијарда среќни оброци секоја година.
Фотографии: Freepik.com
***
Авторката е проф. д-р вработена на Факултет за информатички и комуникациски технологии- Битола и основачка на Здружението за социјални иновации ВР ЛАБ- Битола.
- Една трансплантација чини колку една годишна дијализа
- Менторството како мост за промена: Од несигурност и страв кон самодоверба и самостојност
- Со „Лице в лице“ честитките множиме добрина, делиме радост
- Донаторска акција „Стопли детско срце“ – во Startup Club Skopje
- Хуманитарен настан во организација на ХЕРА: Промоција на креативноста на младите девојки и поттикнување на општествена солидарност