Извидниците од „Еквинокс Скаут“ од Штип бараат поддршка за реновирање на младинскиот простор
Извидничкиот Одред „Еквинокс Скаут – Штип“ повикува одговорни бизниси, поединци и поддржувачи да се вклучат во нивната иницијатива за реновирање на нивните простории.
-Нашите простории се сцена на бројни работилници, обуки и младински настани, но за да продолжиме со квалитетна реализација на активностите, потребно е нивно сериозно уредување- велат извидниците.
Со оваа иницијатива, одредот повторно ги потврдува своите заложби за младите, создавајќи безбедни и инспиративни простории кои ќе го обликуваат нивното учење и активизам во локалната заедница.
Тие информриаа дека благодарение на поддршката од граѓани, институции, компании и индивидуални донатори, досега се обезбедени 30% од потребните средства, што ја покажува силната доверба на заедницата во важноста на овој проект.
Одредот упатува јавен повик до општествено одговорни компании, институции и бизниси да се приклучат како партнери и донатори. Поддршката може да биде финансиска или во материјали и услуги потребни за реновирањето.
Секоја донација директно придонесува кон создавање функционален младински простор каде децата и младите ќе можат да учат, да се развиваат и активно да придонесуваат за локалната заедница.
Донациите може да се извршат преку банкарска уплата на сметката на одредот, преку онлајн преку платформата WhyDonate, Донација онлајн.
Повеќе информации на каналите на „Еквинокс Скаут – Штип“ на Фејсбук, Инстаграм, веб и на LinkedIn