Актуелно, Доза вести, Свое лично искуство

Квалитет на живот – додека се чека трансплантација на орган

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Со донесувањето на  Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, во Република Северна Македонија, започнувајќи од 2011 година, има континуиран развој во политиките – со цел овозможување на процесот на трансплантација, институционален развој и градање на капацитетите за овозможување на прооцесот.

Меѓутоа, развојот на овие политики, не е доволно координиран со останатите политики кои ги таргетираат системот на социјална заштита и политиките на пазарот на трудот, a со цел овозможување на квалитетен живот и на пациентите кои живеат со донирани органи, пациентите кои се на листа на чекање и пациентите кои донирале орган.

Овој прашалник е наменет за лица кои се на листата за трансплантација кои живеат во земјава.
Целта е да се соберат нови сознанија во однос на квалитетот на нивното живењее, секојдневните предизвици со кои се соочуваат, особено кога станува збор во пристапот со услуги (социјални и здравствени) и пазарот на трудот.

Прашалникот е анонимен, одговорите се безбедни и шифрирани, без лични податоци.

Благодарност за одлуката да учествувате во одговарање на прашалникот!

Клик на прашалникот

- банер -

Photo: Freepik

Напишете коментар