Доза вести

Кампања на здружението „Живот со предизвици“ за запознавање на ретките болести

Здружението „Живот со предизвици” од први февруари ќе започне јавна кампања со која ќе се одбележи месецот на пациенти со ретки болести.

Од здружението информираат дека цел на кампањата е запознавање на поголем дел од јавноста со ретките болести, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат пациентите и начинот на нивно лекување. Според нив, да се биде редок, не значи да си навидлив.

– Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој месец” бидејќи е редок по своите ретки 28 или 29 денови, и оваа година ќе се обидеме поблиску да ја запознаеме јавноста со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите? Да се биде редок не значи да си невидлив, нагласуваат од здружението „Живот со предизвици”.

Јавната кампања „Ги запознаваме ретките болести” ќе се реализира од 1. до 28. февруари.

Напишете коментар