Кампања на ЗНМ и ОБСЕ за промоција на етичките и професионалние стандарди во медиумите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје спроведуваат кампања за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите. Проектот „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ има за цел да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава.
Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката јавност за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.
Идејата е преку видеата да се потсети јавноста да избгенува родово насочени навреди и да се илустрира важноста на улогата на професионалното новинарство во едно демократско општество и да се стави акцент на слободниот пристап до информации кој е од клучно значење за јавноста.
Првото видео со наслов „Медиуми, слобода на говор и демократија“ зборува за начинот како да се стигне до бараната информација.
Второто видео ги обработува предизвиците со кои се соочуваат новинарите во обид да ја информираат јавноста, односно во ера на зголемена дигитализација и брз проток на информации, предизвикот е вистинската вест да исплива на површина во морето од шпекулации и непроверени вести.
Tретото видео зборува за тоа дека безбедноста на новинарите е клучна во обезбедувањето пристап до информации.