Магазин

Симбиозата меѓу луѓето и другите живи нешта во домот

РАСТЕНИЈАТА МОЖАТ ДА ПОТТИКНАТ ЛАЧЕЊЕ СЕРОТОНИН, ШТО НЀ ПРАВИ ПОСРЕЌНИ И ПОРЕЛАКСИРАНИ, А ИСТОВРЕМЕНО И ГО ПОДОБРУВААТ НАШИОТ ИМУН ОДГОВОР. „ЗЕЛЕНА“ ЗА МЕНЕ Е ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕДЕН СОН, КОЈ НИ САМАТА НЕ БЕВ СВЕСНА ДЕКА ГО ИМАМ

По образование сум психолог, по професија новинар, а по хоби одгледувач и вљубеник во рас­те­ни­ја. Иако овие три работи навидум личат неспоиви, за мене се многу тесно поврзани. За­ед­нич­ко­то е симбиозата меѓу луѓето и другите живи нешта. 

Полевање, пресадување, лекување болни растенија

Ка­ко психолог здобив увид во состојбите на умот што ме натера да откривам нови начини за по­до­бру­ва­ње на менталното здравје кај луѓето, а како новинар најчесто истражував теми по­вр­за­ни со корупцијата во животната средина бидејќи токму тие ми беа едни од најболните. Уни­шту­ва­ње­то на природата и на екосистемот, урбанизацијата и бетонизацијата на градовите не­из­беж­но влијаат врз психичкото здравје на луѓето. 
Лу­ѓе­то припаѓаат во природата и зависат од неа од повеќе аспекти. За мене најинтригантен бе­ше психолошкиот аспект. Прво, позитивните ефекти од растенијата ги почувствував на себе. Ко­га првпат ќе донесеш растенија во домот, првите неколку денови си во шок како досега си жи­ве­ел без нив. Инстант подобрување на расположението само од гледање во новото зе­ле­ни­ло што ти го разубавува просторот за живеење. Потоа доаѓа предизвикот – грижата за рас­те­ни­ја­та. На почетокот се прашував дали воопшто можам да ги одржам во живот и дали сум ѝ до­рас­на­та на задачата. Но, толку брзо ми се вовлекоа под кожа, што брзо моето ново хоби се пре­тво­ри во опсесија. Уживав со часови да читам и истражувам за нив, а потоа да ги при­ме­ну­вам советите што сум ги прочитала. Сакав да имам сѐ повеќе и повеќе растенија. Секоја актив­ност поврзана со растенијата ми беше уживање и ми го подобруваше расположението. Без раз­ли­ка дали стануваше збор за полевање, пресадување или лекување болни растенија.

Зеленилото ги подобрува концентрацијата, креативноста, меморијата

Про­ме­ни­те што ги почувствував ме направија љубопитна, па почнав да истражувам за вли­ја­ни­е­то што го имаат растенијата на нашето психичко здравје. Докажано е дека растенијата го на­ма­лу­ва­ат стресот и го подобруваат расположението. Кога луѓето се опкружени со растенија се зго­ле­му­ва­ат нивната концентрација и креативност, а им се подобрува и меморијата. Тие мо­жат да поттикнат лачење серотонин, што нѐ прави посреќни и порелаксирани, а истовремено и го подобруваат нашиот имун одговор.

Та­ка се роди идејата за „Зелена“, продавница што сакав да биде едно ново зе­ле­но катче во градот, поинакво од сѐ што веќе постои. Личното искуство со одгледување рас­те­ни­ја ме натера да размислувам колку сите би имале придобивка од грижата за нив, осо­бе­но ние младите. За мене растенијата претставуваа еден вид бегство од реалноста, која знае да биде полна со неизвесност, стравови и стресни ситуации, па грижата за нив ми овозможува не­кол­ку моменти мир и тишина во денот. 

Са­кав тоа чувство да го споделам и со другите, особено со тие што досега не се осмелувале да чу­ва­ат растенија мислејќи дека нема да можат да ги одржат во живот бидејќи и јас самата ги имав истите дилеми пред да почнам. Ми недостигаа информации и не знаев речиси ништо за рас­те­ни­ја­та, мислев дека се прекомплицирани за чување и дека не може секој да биде ус­пе­шен во чувањето. Морам да признаам и дека неколку растенија ми завршија трагично, додека сè уште се обидував да откријам што сакаат. 

„Зелена“ – заедница на љубители на растенија

Де­нес верувам дека секој што има желба може да чува растенија, ако го има вистинското рас­те­ние и ако добие соодветна помош и поддршка при одгледувањето. Сметам дека токму тој не­до­стиг од информации за одгледување  растенија, на некој начин, ги демотивира лу­ѓе­то да го почнат ова хоби. 

За­тоа идејата за „Зелена“ не е само да биде продавница, туку една заедница на љубители на рас­те­ни­ја, која ќе ги мотивира луѓето да ги сакаат растенијата и ќе им дава помош и поддршка при одгледувањето. За да го постигнеме тоа, решивме секое растение да доаѓа со писмено и ус­но упатство за одгледување. Бидејќи со правилни насоки, сите можеме да имаме дома џунг­ла од здрави и среќни растенија. Покрај упатствата, задолжително поставуваме неколку пра­ша­ња за условите каде ќе се чува растението и колку луѓето се подготвени да му се посветат. На­ша­та цел не е само да купат какво било растение и тоа да им умре за кратко, туку да го има­ат долго време и да уживаат во неговата убавина. 

Размена на зелени пријателчиња

Љу­бо­вта кон растенијата ја шириме и се обидуваме да ја разбудиме и на многу други начини. Еден од нив беше настанот „Размена на коренчиња“. Целта на овој настан беше луѓето меѓу се­бе да ги разменуваат растенијата што ги имаат и секој да си замине дома со ново зелено при­ја­тел­че. Настанот ги надмина сите наши очекувања. Имаше огромна посетеност и за­ин­те­ре­си­ра­ност, но, освен размена на растенија, имаше и размена на искуства и совети за одгледување и, се разбира, дружба меѓу истомисленици и љубители на растенија. Покрај тоа, на нашиот Инстаграм про­фил почнавме и нова рубрика наречена „Plant Parents“ преку која сакаме да ги запознаеме лу­ѓе­то и нивните растенија и преку нивните лични искуства и видувања да раскажеме една при­каз­на за убавината на растенијата. Сите овие активности имаат заедничка цел, да ги охра­брат и мотивираат луѓето да чуваат растенија бидејќи, како што ние во „Зелена“ милуваме да ка­же­ме: исто како што ние се грижиме за растенијата, така и тие се грижат за нас и ни ја воз­вра­ќа­ат љубовта што им ја даваме. Секој заслужува и треба да има растенија бидејќи рас­те­ни­ја­та го прават животот поубав, а наша задача е да ја направиме грижата за растенијата лесна, ед­но­став­на и забавна. 


(Авторката е основач на „Зелена“)

Напишете коментар