Доза вести

Кои се перспективите за иднината на работата и работните места?

 “Future of work” e насловен настанот што ќе се случува денес во 17 часот на платформата зум, и кој ќе опфати три панел дискусии со осврт на прашањето „Кои се во иднина потребните професии и кариери кои во денешно време недостигаат на пазарот на труд?“.  Прашањето ќе биде анализирано од три засегнати страни: Академија – Универзитети, Неформални академии и тренинг центри и Интрапретприемништво во компаниите, со препораки за тоа како да изградиме капацитети за претприемачи во Северна Македонија.

Zoom link за регистрација  – https://us06web.zoom.us/meetin…

Начинот на вршење на работата во светот постојано се менува. Додека некои работни места ќе бидат отворени и понатаму, други пак ќе се затвораат, а речиси сите ќе се променат. Последната година многу ги забрза трендовите за дигитализација на работните места и ги натера организациите да бидат агилни и да ги преиспитаат и реструктуираат своите работни места. Затоа го организираме овој настан, кој разгледува три перспективи за иднината на работата и работните места.

Настанот е во организација на „Стартап Македонија“, и се одвива во рамки на Глобалната недела на претприеништво. 


Агенда:

17:00 -17:15 Официјално отварање на настанот
17:15 – 17:20 Пауза
17:20 -17:30 Keynote говорник – Mario Steinbuch – Entrepreneur – Lecturer – Advisor // Co-Founder & MD @ 36 Chambers

 17:30 – 18:20 Сесија 1: Универзитетите – Столбот на економијата
Модератор: Верица Јорданова – Иновативност
Панелисти: Владимир Трајковиќ – УКИМ; Шенер Билали – ИБУ; Мишко Џидров – УГД; Азир Алиу – УЈИЕ

18:20 – 18:25 Пауза

 18:25 – 19:10 Сесија 2: Неформални академии и центри за обука
Модератор: Дане Јосифовски ИМЕ
Панелисти: Весна Иваноска – SEDC; Петар Ниновски – Brainster;
Мартина Наумовска – Data Masters; Николина Цветановска – Monday Learning;

19:10 – 19:15 Пауза

 19:15 – 20:00 Сесија 3: Интрапретприемништво и компании
Модератор: Елена Младеновска Јеленковиќ – М6 Едукативен Центар
Панелисти: Гоце Митевски – Телеком; Ива Јанковиќ – BetahausX; Елена Драгановска – Inplayer

Напишете коментар