Актуелно, Доза вести

Концерт на скопскиот колектив „Светлост“ во МКЦ – заедно со Ken Vandermark и Paal Nilssen-Love

Време на читање: 2 минути

Во среда, (16.04), во Кино Фросина во МКЦ ќе се одржи концертот на скопскиот колектив Светлост, заедно со Ken Vandermark од САД и Paal Nilssen-Love од Норвешка. Од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. Ова е веројатно прв случај една македонскa џез група да работи со гиганти од светската џез сцена, какви што се Vandermark и Paal Nilssen, нам добро познати и по настапите на Скопскиот џез фестивал. Препознатливи по својот спонтан пристап, разноликата жанровска естетика и бестрашниот однос кон звукот, Светлост успешно синтетизират џез, ноиз и амбиетални елементи. Во периодот меѓу 2019 и 2020, тие објавија три албуми кои одлично беа примени од критиката и слушателите: “Odron Ritual Orchestra”, “Jazz (to the working class)” и “Six Years”. Потоа се случи и настапот на Скопскиот џез фестивал по што дојде и четвртото издание – “A Wave Returns To The Ocean”. На почетокот на 2024 беше објавен и нивниот последен албум, “Everything Was As It Had Been a Minute”. Следуваше плоден период, со настапи во поширокиот регион и со учество на повеќе локални музичари, од кои ќе произлезат и неколку нови изданија. Проектот на Светлост со Ken Vandermark и Paal Nilssen-Love се реализира со турскиот продуцент Can Inandim.

Концертот ќе започне во 20.30 часот а билетите можат да се купат онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарата на МКЦ пред самиот настап.

Напишете коментар