Котевска со новиот документарец за мамути доби поддршка од „Санденс институт“
Престижниот „Сендбокс фонд“ на „Санденс институт“ ја поддржа најновата приказна за ирваси, мамути и тундрата, која ја спојува науката со мајсторското раскажување.
Најновиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска е меѓу добитниците на „Сендбокс фонд“ на „Сандренс институт“ за 2026 година. Овој фонд поддржува иновативни документарни филмови на пресекот помеѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво.
Во оваа силна конкуренција на автори и проекти поддршката од престижниот Sundance говори за квалитетот и на новиот документарен филм на Котевска, насловен „Мамутите кои избегаа од кралството на Ерлик Кан“ („The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan”). Филмот е во копродукција помеѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија, а Котевска освен како режисерка е и продуцентка.

Филмот ја следи приказната на млад одгледувач на ирваси од јакутската тундра, кој се соочува со избор помеѓу традиционалниот начин на живот и современите ловци на мамутски заби. Филмот се снима во екстремни услови во Сибир и ја истражува комплексната врска помеѓу традицијата и современите економски предизвици.

Минатата година, Тамара Котевска се претстави во Венеција со два документарни филмови, при што проектот за мамутите беше селектиран на копродукцискиот маркет, а „Приказната за Силјан“ ја имаше европската премиера. Режисерското дуо Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беа двојно номинирани за „Оскар“ за документарниот филм “Медена земја”.
Покрај Котевска, меѓу поддржаните автори на „Сендбокс фанд“ за оваа година е и македонскиот режисер Љубомир Стефанов, што дополнително го потврдува силното присуство на македонските автори на меѓународната документарна сцена. Извршната директорка на „Сенбокс филмс“, Џесика Хероп, истакнува дека авторите поддржани преку овој фонд „создаваат исклучителни дела на пресекот помеѓу уметноста и науката“, нагласувајќи ја растечката потреба за вакви приказни во независниот филм.

- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
- „Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот