#ЛицевЛице во соработка со средношколци од НОВА

Кога средношколците размислуваат креативно и се насочени кон истакнување на добрите иницијативи секогаш доаѓаме до убава соработка. Денес на покана на Александар Алексоски и Николас Ристиќ бевме во средното интернационално училиште НОВА. Во склоп на нивната задача од предметот Creativity, Activity, Service нашиот продавач Кико заедно со Александар и Николас на останатите средношколци го претставија најновиот број на списанието, кој ја носи темата за менталното здравје, како и креативните новогодишни честитки.
Денешната иницијатива беше поддржана и од новинарот Огнен Јанески кој е долгогодишен пријател и поддржувач на Платформата за одржлив развој
„Лице в лице“ отсекогаш биле уникатни. Така и сега, работат буквално на поврзување на два света кој што, веројатно, никогаш не би се сретнале. Токму затоа сме денеска тука, за да може да ги споиме тие два света, а целта е иста – многу повеќе луѓе да стигнат до содржините на Лице в лице и да помогнат на сите тие продавачи – рече Огнен.

Со оваа активност на средношколците ја креваме свеста за вредностите на еднаквост и инклузија. Само така ќе бидеме чекор поблиску до општествени промени.