Актуелно

#Лицевлице премиера: видео интервју со нобеловецот Мохамед Јунус

„Сегашната мапа на светот ни дава ваква слика: Луѓето се турнати, збиени на јужниот пол, околу прагот на сиромаштија, а целото богатство е на северниот пол, каде што имаме милионски заработки. И во пандемијата, милиони луѓе останаа без работа, се борат за да преживеат. Нивниот живот стана загрозен. Што се случи со луѓето во врвот, со оние неколкумина, кои го поседуваат целото богатство на светот? Нивното богатство се зголеми. Истовремено. Каков е овој економски систем, каде што луѓето живеат во економија која не функционира? Дали е ова најдобрата економија што можете да ја произведете?“

Со видео премиерата на интервјуто со Мохамед Јунус, го најавуваме и новото, 43. издание на „Лице в лице“, кое ја носи темата „Иднината на правата на човекот“.



Ексклузивното видео интервју беше направено по повод отворањето на Јунус центарот за социјални бизниси на Економски факултет -Скопје.

Линк до настанот на фејсбук


Придонеси за Посреќна2021! За СИТЕ 
Биди дел од „Лице в лице“ заедницата,
за да добиеш можност да следиш вебинари и интервјуа со видни личности од светот и да имаш пристап до содржини кои го прошируваат твојот хоризонт на знаења, делувања, раст!

Во печатеното издание од новиот, 43-ти број, објавуваме сегмент од кажаното.

Back to list