Лубеница, урда, грашок и сусам? Сања Бачевски знае како!
Да се меша храна и да се комбинираат вкусови е посебен вид уметност. Доживување кое се памети и останува. Може да потсетува на летен одмор или на мензата во градинка, откривање на нови емоции или потсетување на стари спомени. Храната станува платно каде разни вкусови се усогласуваат, се експериментира со нијанси и те тера да истражуваш.
Наш уметник во #Лицевлице#Зачин овие денови беше Сања Бачевски.
Сања е инженерка по хортикултура која живее во Охрид и има повеќегодишно искуство во одгледување на микробилки. Покрај исклучително добрите вкусови кои ги носат микробилките, тие се полни со витамини Це, Е и Ка, лутеин и бета-каротен. Бевме љубопитни околу нејзината работа и бевме искрено заинтересирани како можеме да ги употребуваме нејзините микробилки.
Затоа, едно јулско топло утро бевме во посета на домот на Сања. Ни ја покажа просторијата каде ги одгледува микробилките кои се под светлина преку целиот ден, и потоа ни покажа и како ги употребува.
Во продолжение, читајте за исклучителното уживање во мешањето на вкусови – по препорака на Сања Бачевска:
Состојки:
· Лубеница
· Масло
· Сол
· Урда
· Рукола
· Микро грашок
· Потпечен сусам
Начин на подготовка:
Уживајте во оваа инвентивна комбинација на вкусови што ја истакнува разновидноста на микробилките и сезонската убавина на лубеницата. Совршено за летно предјадење или лесно, освежително главно јадење.