Доза вести

МакеДокс со повик за дизајн на постер на тема „Кому му е гајле за реалноста?“

Време на читање: < 1 минута

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави отворен повик за дизајн на постер и визуелен идентитет за своето 16-то издание, кое ќе се одржи од 21 до 28 август 2025 во Скопје. Темата оваа година е провокативна и актуелна: „Кому му е гајле за реалноста?“

Во свет каде вистината се менува побрзо од нашата способност да ја сфатиме, и каде сликите ја заматуваат границата меѓу факт и фикција, потребата да гледаме внимателно, креативно, критички и со грижа, никогаш не била поголема. Ги покануваме дизајнерите, илустраторите и визуелните мислители да ни помогнат да ја преточиме оваа рефлексија во моќен дизајн на постер, кој ќе биде основа на визуелниот идентитет на МакеДокс 2025 – велат од фестивалот.

Краен рок за пријавување е 15-ти јуни 2025. Повеќе информации за повикот ќе најдете на овој линк.

Напишете коментар