Македонија е на 38. место според слободата на медиумите
Македонија е на 38. место според слободата на медиумите, според новиот извештај на организацијата Репортери без граници.
Во извештајот опфатени се 180 држави од светот, а Македонија забележува скок од 19 места во однос на лани.
Шефот на канцеларијата на Репортери без граници за ЕУ/Балкан, Павол Салај оцени дека иако е забележан напредок, новинарите во Македонија и натаму се соочуваат со нетранспарентно и нестабилно финансирање, конфликт на интереси, политички притисоци, кампањи за оцрнување и со малтретирање на социјалните мрежи.
Во споредба со земјите од регионот, Македонија е подобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96).
Првите три позиции на листата ги заземаат, Норвешка, Ирска и Данска, а на дното се Северна Кореја, Кина и Виетнам.
Целиот извештај тука.
Фото: Freepik