Доза вести

Млади претприемачи со печурки решаваат проблем со криза за храна

Време на читање: 5 минути
- банер -

Кристина Тодорова вели дека нивната работа е во насока на кинеската поговорка која тие ја прилагодиле на нивната мисија: „Дај му на човек печурки и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да произведува печурки и ќе го нахраниш за цел живот“.

Љубовта кон природата и интересот за печурките, кој кај неа го поттикнале родителите биле голем мотив за Кристина Тодорова да го основа социјалното претпријатие „Машрум нетворк“ преку кое одгледува печурки, додека во исто време, обучува социјално загрозени и млади невработени лица од руралните подрачја да си помогнат во време на криза.
Тодорова вели дека нивната работа е во насока на кинеската поговорка „Дај му на човек риба и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да лови риба и ќе го нахраниш за цел живот“, која тие ја прилагодиле на нивната мисија: „Дај му на човек печурки и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да произведува печурки и ќе го нахраниш за цел живот“.
Со неа разговараме за работата на „Машрум нетворк“ и на организацијата од каде потекна ова социјално претпријатие – „Ековита“ од Неготино.

Што е „Машрум нетворк“, кој го сочинува, кои се мисијата, целната група, целите?

– „Машрум нетворк“ e социјално претпријатие кое ќе одгледува печурки и истовремено ќе биде и сервис за одгледување печурки, во кој ќе се врши обука на лица кои припаѓаат во категоријата на: социjално загрозени лица и млади невработени лица од рурални подрачја. Јас сум апсолвенткa на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, насока градинарство и цвеќарство, а како проектна асистетентка заедно работам со Митко Јаначков кој е правник специјалист по бизнис право. Како експерти имаме искусни биолози, дизајнери, IT специјалити. „Машрум нетворк“ е дел од проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ што го спроведува Здружението на граѓани „Ековита“ од Неготино, во соработка со Национален младински совет на Македонија, а со финансиска поддршка на Европската Унија. Нашата цел е да им помогнеме на младите подобро да се вклопат во оваа економска криза.

Како дојдовте до идеја за ова социјално претпријатие? Кој предизвик се обидувате да го решите?

– Двајцата родители ми се биолози. Тоа придонесе повеќе да ја засакам природата а со тоа и подобро да ја запознаам мистеријата на печурките. Производството на печурките е идеално решение за семејна работна терапија на лица кои се социјално загрозени. Ќе им се овозможи производство на храна во услови на криза, кои што е од исклучителна важност. Посебен акцент даваме за одгледување на медицински печурки кои во последно време сè повеќе се користат и се барат на пазарот. Како агроном имам можност да произведам повеќе видови печурки и тие ќе се зголемуваат во зависност од побарувачката на пазарот и временските услови што е голема предност во однос на конкурентите.
Во иднина планираме да ги вкучиме и отпадните прачки од кроењето на виновата лоза кои во нашиот крај ги има во огромни количини. Наместо  да се палат и да ја загадуваат животната средина, овој корисен биоресурс осигурува печурките да растат брзо и здраво. Така, може секој да си направи мало производство во гаражите или напуштените простори.
Истрошениот супстрат од производството не се фрла туку се користи како гориво за термичка обработка (пастеризација) на нов супстрат за печурки. Со ова се решава и проблемот со отпадот од производството. Ова производство е зелено, не ја загадува околината, не продуцира отпад.

- банер -

Печурките се храна која е многу отпорна на климатските промени. Раскажете ни нешто повеќе за ова.

– Печурките се  одгледуваат во контролирани услови и не зависат од надворешните влијанија. За супстрат користиме биолошки органски отпад што го имаме во огромни количини во земјоделието. На крајот од производството истрошениот супстрат може да се искористи за одгледување на калифорниски црви за производтво на биохумус и со тоа тоа го затвараме целиот циклус на циркуларна економија.

Раскажете ни на кој начин „Машрум нетворк“ ќе им помогне на ранливите сограѓани. На кои точно групи ранливи сограѓани и како?

– Во малите градови сè повеќе има сиромаштија. Нашите млади, особено од руралните средини не наоѓаат перспектива, немаат можности за развој, па сонуваат за странство. А, маргинализираните лица се заборавени од сите. На младите од руралните средини треба да им се посочи поголемо внимание и вложување во развојот како корисно да го исполнуваат своето слободно време.  Да не се изолирани и нееднакви и да се чувствуваат корисни во заедницата.  Бенефитите од „Машрум нетворк“ се во насока на подобрување на комуникацијата на младите, подобро меѓусебно спознавање и разбирање и почитување, зголемување на мотивацијата, тимска работа, споделување искуства, учење на добрите страни и слабостите во самото производство на печурките.

Кое е вашето искуство од досегашните работилници на кои го претставувате производството на печурки?

– Имаме позтивни примери на млади кои што повеќе години одгледуваат печурки. Посебно сме горди што помагаме на групните домови. Ова е еден вид работна терапија, со која обезбедуваме за овие корисници и сопствено производство на храна. Во претходните години имавме соработка со казнено поправни установи, каде вршевме обука за одгледување на печурки. На овој начин, овие лица се стекнуваа со нови вештини и можност да си најдат нова перспектива наместо да повторуваат кривични дела за да се вратат во затворот зашто мислат дека е единствената  средина во која имаат услови за живот.

Кој може да одгледува печурки? Кој не може?

– Печурки можат да одгледуваат сите кои што сакаат авантуристичко производство на храна. Во пракса сретнавме многу мал број на лица кои не можат да одгледуваат  печурки, бидејќи се алергични на спорите што ги испуштаат печурките, слично како поленот од растенијата. На овие лица им понудивме да одгледуваат други видови печурки кои се безспорни соеви на буковка и други видови.

„Ековита“ како организација делува и на други локални предизвици, освен кризата од храна. Објаснете повеќе за ова.

– Здружението „Ековита“ во изминатиов период покажа и докажа дека успешно може да се избори со низа еколошки проблеми во општината што претставува  своевиден предизвик за нас. Се бориме за здрава урабана средина. Освен што сме своевидни чувари на здравата животна средина, имаме поставено индикаторска мерна страница со која во континуитет ги следиме оснвните параметри како PM2.5 и PM10 честичките, температура и влажноста. Сите овие паратметри ќе ни послужат како база, за како полесно да реагираме во услови на  климатските промени.
Посебен акцент ставаме на младите со кои реализираме и истражувачки проекти во руралната канцеларија во село Вешје, кое е оддалечено 17 километри од Неготино. Ги запознаваме со богатствата на природата, потецијалите на регионот и заеднички се обидуваме да придонесеме за што помалку отпад во околината.

Планирате веб продавница во следна фаза на развој. Кога ќе биде тоа и што ви е неопходно за ова да се случи?

– Во моментот сме во изработка на digital mushroom shop дигитална палтформа првата продавница каде што произведените печурки полесно ќе стигнат до нашите клеиенти. Работиме на неколу иновативни производи од печурки кои ни се во фаза за регистрање на трговка марка.

Нашето социјално претпријатие може да го поддржите на страната https://mladipretpriemaci.mk/ во делот „Донирај и научи да одгледуваш печурки“.






Напишете коментар