Доза вести

Знаете ли за старо стебло во вашето опкружување? Пријавете. И споделете.

Раководителот на Катедрата за ботаника и дендрологија, при УКИМ Шумарски факултет Скопје, проф. д-р Јане Ацевски, упатува апел до јавноста доколку некој знае за стари стебла (од сите видови) природно застапени кај нас, во нашето место на живеење, да го информира на мејлот: jane.acevski@ live.com или во порака на фејсбук.

– Пожелно е да направите неколку фотографии од стеблото (хабитус), деблото, лист, плод или некои други морфолошки карактеристики. Ако сте во можност ГИС кординати, локалитет, село, општина или било која друга информација за местоположбата. Особено ако имате податоци за традиции, легенди, верувања, обичаии или други културно-историски податоци. Најчесто овие стебла се во близина на религиозни објекти (цркви манастири, џамии, гробишта), во центарот на селата или градовите. Овие податоци ми се потребни да направам „Каталог на стари стебла во Македонија“.  Сите податоци кои ќе ми ги пратите ќе бидат стручно и научно проверени на лице место, вели професорот Ацевски во својот повик.

Тој верува дека на ваков начин, сите заедно, може да направиме едно значајно дело за големата природна и културно-историска вредност на македонската дендрофлора.

Напишете коментар