Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!
Купи го актуелниот број на „Лице в лице“
Kлик за продавница

ДОЗА ВЕСТИ

Дизајнот на постерот на фестивалот е на ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.
Доза вести

Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји

45. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 15 до 18 октомври, со изведувачи од 13 земји и програма што продолжува да го третира џезот како простор за истражување, нови звуци и поместување на границите. Годинава новина е полноќната програма на Мала сцена во Националната опера и балет, а остануваат и филмската програма и работилницата „Џез за деца“.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Национални победници Зелени идеи 2026
Доза вести

Од паметни сензори до микрозеленчук: три македонски зелени идеи патуваат во Призрен

Три македонски идеи, од Битола, Велес и Скопје, ќе ја претставуваат земјава на регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“. Нивните решенија се насочени кон продолжување на животниот век на опремата, повторна употреба на производен отпад и одржливо урбано производство на храна.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
Повеќе од 80 наслови објавени во 2025 година на македонски и на БХСЦ јазиците беа во конкуренција за петтото издание на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“. Од нив, жирито избра седум книги што преку различни жанрови и книжевни постапки отвораат прашања за припадноста, насилството, војната, екологијата, зависноста и патријархатот.
Доза вести

„Штефица Цвек“ избра седум книги што не се плашат да го преиспитаат светот

Повеќе од земјава и регионот беа во конкуренција за петтото издание на „Штефица Цвек“. Во финалниот избор влегоа седум книги што, секоја на свој начин, зборуваат за припадноста, насилството, војната, екологијата, зависноста и патријархатот, но и покажуваат дека книжевноста може да остави отворен простор за поинаков свет.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »

МАГАЗИН

Магазин

Кога јазикот не разделува, туку поврзува: лекциите на наставничката Сања од општина Боговиње

Наставничката по македонски јазик Сања Блажеска, која предавала во Жеровјане и Боговиње, преку секојдневната работа покажува како јазикот може да стане мост за разбирање, инклузија и заедништво.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »

ПОСЛЕДНО ИЗДАНИЕ

ПОДАРЕТЕ (СИ) ЛИЦЕ В ЛИЦЕ

Го купи новото „Лице в лице“?

електронско, печатено издание или годишна претплата

Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.

Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач. 
Дел од нашите продавачи пак,  иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.

„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика.  Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.

Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.

Игор Шајноски
Игор Шајновски
Кристијан Марковски
Кристијан Марковски
Валентин Ракип

ОДБЕРИ НАЧИН НА ПОДДРШКА

Електронско издание

600 мкд / годишно

Печатено издание

100 мкд / примерок

За Лице в лице

„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи 
на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. 
Половина од сумата на списанието е за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.