Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!
Купи го актуелниот број на „Лице в лице“
Kлик за продавница

ДОЗА ВЕСТИ

МАГАЗИН

ПОСЛЕДНО ИЗДАНИЕ

ПОДАРЕТЕ (СИ) ЛИЦЕ В ЛИЦЕ

Го купи новото „Лице в лице“?

електронско, печатено издание или годишна претплата

Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.

Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач. 
Дел од нашите продавачи пак,  иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.

„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика.  Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.

Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.

Игор Шајноски
Игор Шајновски
Кристијан Марковски
Кристијан Марковски
Валентин Ракип

ОДБЕРИ НАЧИН НА ПОДДРШКА

Електронско издание

600 мкд / годишно

Печатено издание

100 мкд / примерок

За Лице в лице

„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи 
на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. 
Половина од сумата на списанието е за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.