Доза вести

Нова платформа „Integrity Watch“ ја отвора транспарентноста на јавните пари во Македонија

Transparensy Integrity Watch транспарентност интегритет

Транспаренси Интернешнл Македонија ја лансираше Integrity Watch, интерактивна платформа за отворени податоци која им овозможува на граѓаните, новинарите и истражувачите да ги следат финансиските токови и политичките влијанија во земјата. Оваа алатка ги обединува податоците за финансирање на политички партии, јавни набавки и концесии за минерални ресурси и мали хидроелектрани, три области со висок ризик од корупција.

Во време на зголемена дигитализација и растечки ризици од корупција, транспарентноста на јавните податоци е клучна за зачувување на политичкиот интегритет. Платформата овозможува отчетност на институциите, јакнење на јавниот надзор и поддршка на демократските процеси.

Следење на моќта и јавните пари

Integrity Watch им овозможува на корисниците лесно да ги истражуваат и анализираат јавните податоци, да откриваат потенцијални судири на интереси и да ја проверуваат законитоста на распределбата на јавните ресурси. Со само неколку клика, може да се види кој ги финансира политичките партии, кои компании добиваат јавни договори и кои концесии се доделени.

Платформата ги претвора технички јавните податоци, во достапни, пребарливи и споредливи информации, овозможувајќи им на корисниците да откријат обрасци и ризици кои инаку би останале скриени, како на пример, необични донации пред избори до компании што постојано добиваат јавни набавки.

Корисниците можат да ги филтрираат податоците по различни критериуми, да избираат елементи од графикони и автоматски да ги ажурираат сите поврзани визуелизации, или да пребаруваат конкретни компании и организации.

Integrity Watch е достапна на македонски јазик и може да се користи бесплатно на овој линк.

Овде можеш да споделиш твое искуство со корупција.

Напишете коментар