Ново поглавје „Свесност“ на „Лице в лице“ – ритрити, обуки и работилници за подобри граѓан(к)и
Веб-платформата на „Лице в лице“ се збогати со нов, внимателно одбран дел наречен „Свесност“, посветен на човековата благосостојба, личниот развој и свесното присуство.
Зошто „Свесност“?
Низ овие 13 години наназад, во нашата работа биле вклучени голем број соработнички и соработници, креативни луѓе кои имаат големо искуство, знаења, вештини и кои делуваат во насока на подобро општество за сите. Токму затоа, го креиравме овој дел од платформата – да овозможиме, нивните услуги/производи, да ги направиме подостапни до пошироката заедница на „Лице в лице“.
Во овој дел ќе најдете ритрити, обуки, работилници и искуства создадени од луѓе кои прават добро во општеството и кои со години ја поддржуваат нашата мисија. Продуктите се внимателно дизајнирани, да носат личен раст, смиреност, инспирација и позитивни промени.

Првиот производ што со радост го претставуваме е ритритот на нашиот драг колега Небојша Илијевски.
Оние кои го познаваат Нешко, знаат за неговата вештина да понуди уникатно искуство за самооткривање и поврзување со себе. Овој ритрит е совршен за сите кои сакаат да се оддалечат од секојдневната брзина, да најдат мир и да се поттикнат кон личен развој. Достапен е за купување директно преку платформата на овој линк.

– Како ќе влеземе во 2026? Од место на исцрпеност и вишок емотивен набој или од местото во кое владее мир, отвореност и енергичност? Декември… Тој природен простор меѓу крај и почеток! Од рефлексија кон јасност и кристализирана насока за понатаму! Низ овој еднодневен личен ритрит го уважуваме искуството кое 2025-та ни го донела и во исто време се отвораме за тоа следното што за нас сака да се случи! – вели Илијевски, во својот опис за настанот.
Но „Свесност“ е многу повеќе од сегмент на нашата веб-платформа.
Ова е простор за раст на заедницата на Лице в лице, каде што ги спојуваме добрите идеи, иницијативи и акции од луѓе кои работат за позитивни промени. Со секој нов ритрит, обука или искуство, ние ја градиме мрежата на поддршка за нашата мисија – создавање општество исполнето со добрина, креативност и свесен живот.
Доколку имате ритрит, обука или искуство што носи позитивни промени, или пак, производ кој носи свесност, контактирајте нè и станете дел од ова ново поглавје. Заедно можеме да ги претставиме вашите идеи на платформата и да ја зајакнеме нашата заедница.
Во меѓувреме, купете од нашите новогодишни честитки, кои носат убави пораки и инспирација за сите околу вас.

Фотографии: Фрипик, Кеншо јога студио и Небојша Илијевски
- Ново поглавје „Свесност“ на „Лице в лице“ – ритрити, обуки и работилници за подобри граѓан(к)и
- Интервју со Ѓорѓе Јовановиќ: „Не зборувам наместо нив, туку со нив“ – Уметност што ги прави невидливите видливи
- Став на социјалната менторка Магдалена Чадиноска Кузманоски: 16 дена активизам, 365 дена институционална тишина
- Започнуваат активностите на проекти што ќе поддржат над 1000 млади низ Северна Македонија
- Циркуларен понеделник 2025 против Black Friday – Ајде да ја смениме прекумерната потрошувачка!