Објавена програмата за 44. Скопски џез фестивал
Од 16 до 19 октомври, Скопје ќе пулсира во ритамот на џезот со настапи на светски и домашни музичари во Националната опера и балет и МКЦ.
Автор на постер: Ѓорѓе Јовановиќ
Од 16-ти до 19-ти октомври ќе се одржи 44. издание на Скопскиот џез фестивал, познат по својот висок меѓународен квалитет и уникатна атмосфера. Организаторите најавуваат програма која ќе ги задоволи и најпребирливите љубители на овој жанр.
Главната сцена во Националната опера и балет ќе биде домаќин на врвни изведувачи:
16 октомври: Andrzej Jagodzinski Trio; National Jazz Orchestra со Sigi Feigl и Luis Bonilla
17 октомври: Marc Ribot; Kahil El’Zabar Ethnic Heritage Ensemble
18 октомври: Goran Kajfeš Tropiques; After the Wildfire Quartet
19 октомври: Wadada Leo Smith & Sylvie Courvoisier Duo; James Brandon Lewis Quartet
Покрај концертите, фестивалот ќе понуди и кино проекции во киното „Фросина“, кои ќес е одржат на 15-ти и на 18-ти октомври, кои ќе ја прикажат инспиративната историја на џезот и неговите најголеми новатори.
- Гласови на инклузија: Работилница за медиумски содржини во Жеровјане
- Пина колада тиква и други изненадувања: кулинарски свет според Филип Чаловски
- Како да се браниме од дезинформации? Скопје домаќин на ЕУ – Западен Балкан конференцијата за медиумска писменост 2025
- Обука за новинар(к)и: Научи да препознаваш родови дезинформации и добиј поддршка за своја содржина
- Од бројки до поддршка што менува животи: како социјалните ментори го поддржуваат вработувањето на младите невработени луѓе?