Доза вести

Обоен тестамент: Комеморациски настан за Денот за сеќавање на Холокаустот врз Ромите

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Во петок, (11 август), во организација на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, во Чифте амам, ќе биде одбележан Денот за сеќавање на Холокаустот врз Ромите.
Настанот вклучува предавање за историски факти, драмски монолози и сликање во живо, а од Ромалитико нагласуваат дека случувањето е со фокус на страдањата на ромската заедница за време на Втората светска војна во земјава, притоа прикажувајќи ја и родовата перспектива на настаните.

„Обоен тестамент“ има за цел да покаже почит кон споменот на животите на Ромите изгубени за време на Втората светска војна и нивните страдања. Настанот дава можност да се размислува за трагичните настани од минатото и да се нагласи важноста од зачувување на правата и достоинството на сите заедници во сегашноста и иднината, велат од Ромалитико.

Стартот е планиран за 19.30 часот.

Напишете коментар