Од пинг-понг игра до заедница: единствена граница се рабовите на масата

Еднаквоста и вклучувањето во општеството и на пазарот на труд се во фокусот на „Лице в лице“. Тоа значи и отворање простор за рекреација, спорт и култура за сите. Токму таков пример сретнавме во Прилеп, каде бевме во посета на здружението Центар за развој и едукација Прилеп (повеќе тука). Во разговор со Марина Тошеска, претседателка на организацијата, таа нè праша:
– Сте слушнале ли за пинг-понг клубот „Младост 96“?
Тошеска ни раскажа дека зад овој скромен, но моќен клуб стојат многу повеќе од спортски натпревари. Ова е клуб кој што здружението Центар за развој и едукација Прилеп постојано го поддржува, во настани, собирања и вклучување. Пинг-понг клубот „Младост 96“ од Прилеп, покрај своите успеси во традиционалниот табеларен пинг-понг, бележи и значајни достигнувања во промоцијата на пинг-понгот како инклузивен спорт. Спорт што ги прифаќа сите, без разлика на било која различност.
Со својата посветеност, клубот создава можности за дружење, тимска игра и прифаќање на различностите. Одбрале пинг-понг како спорт бидејќи придонесува за правилен физички раст, помага во развој на моторика, концентрација, координација и рефлекси.
Како спортот може да биде алатка за инклузија, развој и надеж – и што сѐ значи да се создава заедница преку рекет и топче?
– Клубот во Прилеп создава можности за сите! Особено е посветен на промовирање инклузивен спорт. Веќе пет години, дел од нашето семејство е Огнен кој е лице со попреченост. Тој секојдневно нè инспирира со својата посветеност и желба за професионален развој.
Она што посебно нè трогнува е моментот кога Огнен за првпат освои медал на меѓународен турнир. Тој не само што ја претставуваше Македонија, туку и го сподели со светот нашето убедување: дека пинг-понгот е спорт за сите, и дека единствена граница во овој спорт се рабовите на масата. Тој момент нè потсети зошто постоиме како клуб.
Има ли доволно поддршка од институции и јавноста за сето она што го правите?
– Клубот добива поддршка од локалната самоуправа на Општина Прилеп и преку ваучер програмата на Министерството за спорт и Владата на Република Северна Македонија, согласно резултатите постигнати во претходната година – за што сме исклучително благодарни.
Сепак, дополнителна поддршка е секогаш потребна. Потребно ни е да продолжиме да создаваме нови можности за нашите членови, да го прошириме нашиот капацитет, да ги мотивираме младите активно да се вклучат и да станат идни промотори на овој спорт.
Што би сакале да слушнат донаторите и пошироката публика за „Младост 96“?
– „Младост 96“ постои од 1996 година како иницијатива на неколку ентузијасти кои во пинг-понгот гледаат спорт кој обезбедува можности за физички и ментален развој, и ги вклучува сите генерации. Тој постои независно, а ние како организација сме големи поддржувачи на клубот.
Во своето, речиси 30-годишно постоење клубот вклучил стотици пинг-понгари кои се истакнале како врвни имиња – професионалци во овој спорт во нашата држава а и пошироко. Клубот учествувал на многу државни, регионални и меѓународни натпревари, како и на европски купови. Двократен првак е на Македонија, со што станува препознатлив спортски клуб од Прилеп. Меѓутоа, и покрај толку силната историја и значење што го има, жално е што условите во кои вежбаат се лоши. Би сакала донаторите да слушнат дека во моментов потребна ни е поддршка за подобрување на условите за тренирање. Ни треба реновирање на постоечките простории за нашите членови да имаат подобри можности за тренинзи.



Марина, секогаш техничките податоци за читателите и не се интересни па затоа секогаш бараме емоции и моменти кои можеме да ги пренесеме. Раскажи ни еден момент кој ти оставил најголем впечаток од дружбите во клубот.
Нашиот клуб создава можности за сите – а особено е посветен на промовирање инклузивен спорт. Веќе 5 години кај нас а Огнен кој восхитува со својата посветеност и желба за професионален развој во овој спорт, и освен на натпревари во нашата држава, учествува и на меѓународни турнири и натпревари покажувајќи дека пинг понгот е спорт за сите и единствена граница во овој спорт се рабовите на масата.
Има ли доволно поддршка од институции и јавноста за сето она што го правите?
Клубот добива Поддршка од локалната самоуправа на општина Прилеп и Владината програма за што сме благодарни, а дополнителна Поддршка е секогаш потребна за да создаваме повеќе можности за професионален развој на нашите членови, а воедно и за мотивирање на младите да се вклучат во нашите активности и да бидат идни промотори на овој спорт.
Што би сакала да слушнат донаторите и пошироката публика за „Младост 96“?
Младост 96 постои од 1996 година како иницијатива на неколку ентузијасти кои во пинг понгот гледаат спорт кој обезбедува можности за физички и ментален развој, и ги вклучува сите генерации.
Во своето скоро триесетгодишно постоење клубот вклучил стотици пинг понгари кои се истакнале како врвни имиња – професионалци во овој спорт во нашата држава а и пошироко. Клубот Младост 96 има земено учество на многу државни, регионални и меѓународни натпревари, како и европски купови. Двократен првак е на Македонија, со што станува препознатлив спортски клуб од градот Прилеп. Меѓутоа и покрај толку силната историја и значење што го има клубот, навистина е жално што условите во кои вежбаат се лоши, па она што би сакала да го слушнат донаторите е дека во моментов потребна ни е Поддршка за подобрување на условите за тренирање односно реновирање на постоечките простории за да нашите членови имаат подобри можности за тренинзи.