#44 Лице в лице – печатено издание

100 ден

„Лице в лице“ број 44. ја носи темата „Персонализирана медицина: грижа скроена за тебе“.
Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би  бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги.

Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

Нема на залиха

44 се на оваа страна
Опис

„Лице в лице“ број 44. ја носи темата „Персонализирана медицина: грижа скроена за тебе“

Издвоена содржина:

ПОРТРЕТ-ПРИКАЗНА: ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ПРОДАВАЧКАТА РАМАЈАНА РЕЏЕПИ
Многу сакам да комуницирам со луѓето што купуваат од мене. Секој пат кога ќе слушнам: „Браво, Рамајана, продолжи да работиш, да учиш и да си вредна! Еден ден ќе успееш!“ се охрабрувам и мотивирам уште повеќе, вели вредната млада девојка, продавачка на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: ИДНИНАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА Е ВО ПЕРСОНАЛИЗИРАНИОТ ПРИСТАП
Во медицинската практика низ целиот свет, сите пациенти дијагностицирани со иста клиничка дијагноза го примаат истиот лек. Овој универзален пристап има ефект само кај некои пациенти, но кај други може да се почувствуваат несакани ефекти или да изостане посакуваниот клинички ефект. Персонализирана медицина значи поодржливо здравство и најдобра можна нега за секој пациент

АНТИБИОТИЦИТЕ И НИВНАТА УПОТРЕБА ВО ПРЕЦИЗНАТА МЕДИЦИНА
Преку овој пристап, пациентот што се третира со антибиотска терапија би имал соодветна дијагностика, која ќе открие кој специфичен вид бактерија е присутен и е причинител на инфекцијата. Така, уште од самиот старт ќе може да ја прими соодветната терапија што гарантира поголем степен на елиминирање на патогенот

ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО: БИТНО Е ДА СЕ ОСТАНЕ ЧОВЕК Не можам да влезам во нечиј дом за примерок, а да не си направам муабет со домаќините. Го правам тоа што сакам да го доживеам. Има ситуации каде што сѐ што им треба на луѓето е малку муабет, понекогаш за корона, понекогаш на каква било тема. Стравот ги држи луѓето под притисок, а убавиот збор вреди злато – вели медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко, прекар што го доби од децата поради работната униформа што ја носи за време на битката против ковид-19

ИНТЕРВЈУ: ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СВЕСТА Е УСЛОВ ЗА УСПЕШНИ ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ

Мартин Галевски, докторанд на департманот за образование на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија зборува за важните аспекти од тема образование

ОДГОВОРНА ИДНИНА: ОДРЖЛИВА ИДНИНА Е МОЖНА САМО СО ОДГОВОРЕН БИЗНИС
На планетава ѝ се потребни компании што ќе ги води целта за правење општо добро затоа што моделот „профит по секоја цена“ веќе не функционира: се деградира животната средина, се нарушуваат човековите права, трпи штета целата поширока општествена заедница во која функционираат исклучително профитно насочените организации. Актуелнава здравствена криза покажа дека е очајно потребна структурна трансформација на економскиот и општествен глобален систем кон поголема одржливост и отпорност

АКТИВАРТ 
ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН КАРДУЛА, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР И АКТИВИСТ: СО ДИЗАЈН ПРОТИВ НЕПРАВДАТА И ДИСКРИМИНАЦИЈАТА
Лицата и децата со атипичен развој се дискриминирани по многу основи. Децата имаат тешкотии да се запишат во градинка, основно и во средно училиште. Декларативно се добредојдени, но вистината е спротивна

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ: ВОЛОНТЕРСКАТА РАБОТА Е БРУСИЛКА ЗА ИДНИ ЖИВОТНИ ПРЕДИЗВИЦИ 
Вистинската вредноста на волонтерската работа е во кохезијата на сопствените знаења, вештини и услуги и нивно применување во одредена област, со што би направиле позитивно влијание на заедницата и на другите луѓе, вели Тереза Кузманоска, студентка на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ – Скопје, раскажувајќи за своето  прво искуство како волонтер во областа на јавното здравство при соочувањето со пандемијата со вирусот сарс-ков 2

НОМАДСКИ ПРИКАЗНИ: ДЕЦАТА НАЈДОБРО УЧАТ ОД ПРИРОДАТА
За децата да развијат здрав однос кон природата, како и да напредуваат академски и социјално, важно е да се поттикнат да се вљубат во неа и да ја интегрираат како дел од себе, почнувајќи од рана возраст.

Донирај за ЛВЛ