#46 Лице в лице – печатено издание

100 ден

Лице в лице број 46: Време е за одговорно патувачко искуство!

Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

Нема на залиха

60 се на оваа страна
Опис

Лице в лице број 46: Време е за одговорно патувачко искуство!

ПОРТРЕТ ПРИКАЗНА: ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО САМИР ЏАФЕРОВ
Ако не постоеше списанието, поради кое секојдневно излегувам и работам во центарот на Скопје, сигурен сум дека ќе продолжев да питам. Тешко ми е да го кажам ова. Сега луѓето ме гледаат поинаку и ме поддржуваат. Порано бев детето што пита, а сега сум момче што работи – вели тој

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ ЗЕДЕ ПРЕГОЛЕМ ДАНОК ОД ПЛАНЕТАВА: ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНО ПАТУВАЧКО ИСКУСТВО!
Соочени со погубните ефекти што неконтролираниот развој на масовниот туризам ги остава врз локалната заедница и животната средина, светските влади сфатија дека е време за вклучување на алармот и дека туризмот како економска гранка што остварува глобален годишен приход од речиси 1.500 милијарди долари мора да се стави во поинаков колосек. Па така, беше дефиниран терминот одржлив / одговорен туризам, чијшто натамошен развој треба да биде во согласност со усвоените глобални цели за одржлив развој на Обединетите нации (Sustainable Development Goals – SDG)

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: НОВА ТУРИСТИЧКА РЕАЛНОСТ: ПЕШТЕРИ, ЛЕТАЊЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ
Знаете ли зошто птиците пеат цело време? Затоа што им е убаво кога летаат, затоа што се слободни. Тоа чувство горе, тие перспективи се поинакви од сѐ што доживуваме секојдневно- вели Љубомир Нетков од „ZeroGravity“,  здружение што нуди летови со параглајдер во тандем низ Македонија. Летовите не се наменети само за зависници од адреналин што сакаат да добијат доза од небото. Тие се можност и за секој турист да се вивне во воздух, да добие адреналинско напојување

ОДГОВОРНА ИДНИНА: СОЦИЈАЛНО МЕНТОРСТВО – ПОТТИК КОН ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУД

Првите резултати на социјалното менторство дојдоа само неколку месеци по завршувањето на тренинзите за социјалните ментори во земјава, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и во Албанија. Социјалните ментори работат директно со лица што тешко можат да се вработат по верификувана програма, која подразбира насочување, охрaбрување, мотивирање, препознавање и унапредување на квалитетите на менторираните.

ЗЕЛЕНА РЕПУБЛИКА: КЛИМАТСКАТА КРИЗА  Е РИЗИК НА ИДНИНАТА, НО И НА СЕГАШНОСТА
Климатската правда значи енергетска, социјална, политичка и економска правда. Неопходно е колективно дејствување за нејзино постигнување и за радикално похумано и поодржливо општество

Донирај за ЛВЛ