Доза вести

Петдневна Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во Крушево

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Младински Сојуз – Крушево го организира 21то издание на меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ од 5-ти до 9-ти Октомври во Крушево, со поддршка на Германската Амбасада во Скопје, а во соработка со Фондацијата „Фридрих Науман“.

Шеесет млади луѓе, активисти и идни лидери од 16 држави (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Турција, Германија, Франција и Полска), ќе ја имаат можноста да разменуваат мислења, ставови и идеи за европската иднина на регионот и суштината на европските вредности. Конференцијата, како платформа за регионална соработка, ќе прикаже добри практики, преку 20 години активна младинска работа, и создавање на значаен дијалог со и за младите луѓе.

Главната цел на конференцијата е да се дадат конкретни, иновативни решенија и стратегии за надминување на предизвиците и активно вклучување на младите во процесот на европската интеграција.

Главни сесии:

„Откривање на влијанието на корупцијата врз социјалната кохезија“,

- банер -

„Генерација ЗЕТ во медиумскиот простор – нови наративи во Западен Балкан“, „Одржлив развој – Акт за балансирање во рамките на алијансата за одржливост на ЕУ-Западен Балкан – соработка, конкуренција или компромис“.

На конференциската сцена досега се обратиле повеќе од 270 говорници меѓу кои и претседатели, министри, професори, експерти, активисти и лидери. На дваесет и првото издание ќе се обратат реномирани говорници меѓу кои и Отто Граф, заменик амбасадор на Германска амбасада во Скопје; Анета Арнаудовска, експерт во Регионалната Инцијатива за Анти-Корупција; Јован Џоли Уличевич извршен директор на асоцијација Спектра; Дајана Бериша, извршен директнор на форум на Граѓански иницијативи од Косово како и многу други.

Детални информации можете да најдете на:

www.krusevoconference.org.mk

Напишете коментар