Доза вести, Лице в лице

Изложбата „Осмели се, инспирирај, промени“ од денеска достапна во Europe House Велес

Изложба Велес Еу Хаус

Изложбата „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ од денеска е достапна за посетителите во „Europe House“ во Велес.

Изложбата произлезе од повикот за уметнички дела „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“, преку кој беа вклучени млади автори и креативци од земјава. Делата ги истакнуваат перспективите на младите луѓе кои даваат свои визуелни доживувања на значењето на политичкиот интегритет. Со оваа изложба, „Лице в лице“ отвори простор тие да ги изразат своите ставови, да постават прашања и да се вклучат во теми како транспарентност, отчетност и граѓанска одговорност. Ставајќи ги токму младите во центарот на дискусијата за овие теми, ги охрабруваме тие активно да придонесуваат кон јавната дебата и да ја препознаат својата улога во обликувањето поодговорно општество.

Ваквиот пристап има и поширок импакт: ја зајакнува свеста дека политичкиот интегритет не е апстрактен поим резервиран за институциите, туку вредност што се гради преку лична одговорност, критичко размислување и граѓанска вклученост. Преку уметноста како медиум пак, темата станува подостапна, емотивно блиска и дава поттик за дијалог, особено кај младите генерации кои ќе ги носат идните општествени промени.

Селектираните дела од изложбата, 15 на број, со 5-те наградени дела беа избрани од жири-комисија, по повикот на „Лице в лице“.

Истоимената изложба првично беше прикажана во „Europe House Струга“, каде на отворањето, организиравме и дискусија на која вклучивме млади луѓе, но и претставници на јавниот, граѓанскиот сектор и пошироката јавност. Со поставувањето во Велес, изложбата продолжува да ја проширува оваа дебата и да овозможува нова публика да се запознае со уметничките интерпретации на темата политички интегритет.

За оние кои не се во можност да ја посетат изложбата физички, достапна е и виртуелна галерија на овој линк.

Младите и политичкиот интегритет: онлајн галерија со уметност што поставува прашања за одговорноста

Прочитај повеќе на оваа тема

Дали читаше „Лице в лице“?

Прочитај и за ставовите на младите од Струга.

Фотелјата е одговорност, не привилегија: млади од Струга испратија силни пораки против селективност и злоупотреба на моќ

Напишете коментар