Доза вести

Повик за млади за учество на обуки

Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, Националниот младински совет на Македонија, отвора повик за учество на обуки за:

  • Меки вештини 
  • Претприемништво/социјално претприемништво
  • Прибирање средства и комуницирање со заедницата

Преку проектот ќе се одржат вкупно 12 обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи на граѓани со цел да намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат во нивниот професионален раст и развој.

Пријавете го вашето учество со пополнување на апликациската форма, по што ќе бидете контактирани од членовите на НМСМ за точната локација на обуките. 

Еден учесник може да се пријави за обуки за повеќе теми – избери го терминот кој најмногу ти одговара

Напишете коментар